Првите луѓе во Претставничкиот дом и Сенатот преговараат за плановите со кои Владата повторно би започнала со работа, а земјата би избегнала ситуација да не може да си ги подмири финансиските обврски, што би имало негативен ефект не само по американската, туку и глобалната економија.
Според републиканците, Претставничкиот дом, каде тие имаат мнозинство, денес треба да гласа за предлог-мерка со која Владата ќе отвори за работа и земјата ќе го избегне неплаќањето на сметките, но Белата куќа и демократските првенци во Претставничкиот дом веднаш ја отфрлија оваа верзија.
Верзијата во Сенатот, пак, каде мнозинство се демократите, обезбедува Владата да продолжи со работа во наредните три месеци, се` до 15-ти јануари, а истовремено ја зголемува националната граница на задолжување, така што САД би имале пари за финансиските обврски во наредните четири месеци, се` до 7-ми февруари.
Предлог-мерката на Претставничкиот дом бара две отстапки во однос на Законот за реформа на здравствената заштита, донесен под иницијатибва на претседателот Обама: одложување на данокот на медицински направи за две години и укинување на субвенциите за здравствена заштита на претседателот Барак Обама, членовите на владиниот кабинет, како и членовите на Конгресот.
Обама досега децидно одбиваше Законот, познат како Обамакеар, да биде услов во формирањето на буџетот и кревањето на крајната граница на задолжување и не сакаше ниту да преговара за него.
Доколку до четврток не биде зголемена границата на задолжувањето, САД може да дојдат во ситуација да не можат да ги платат сите свои сметки. Во случај да биде постигнат договор, тој најпрвин треба да биде изгласан во Претставничкиот дом и Сенатот, пред да појде на потпис кај Обама.