Линкови за пристапност

Кина се противи на новите американски санкции


Кина се спротивстави на новите санкции што САД ги наметнаа против група кинески и руски компании, заради наводната поддршка на севернокорејската нуклеарна програма.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг, рече дека санкциите не се во прилог на американско-кинеската соработка во напорите за спречување на нуклеарните активности на Северна Кореја.

Таа додаде дека САД треба „веднаш да ја поправат грешката“ и ги повтори повиците на Кина за воздржаност и дијалог во разрешување на ситуацијата со Северна Кореја.

Американскиот Оддел за финансии ги објави санкциите вчера, велејќи дека тие се дополнување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН усвоена претходно месецов, со која се воведуваат нови санкции против Северна Кореја и ги осуди тестовите на балистички проектили. Кина беше меѓу земјите кои едногласно ја одобрија резолуцијата.

Во соопштението на Одделот за финансии се наведени 10 компании и 6 приватни лица, вклучувајќи кинески фирми за јаглен, челик и финансиски услуги.

Стивен Мнучин, секретар за финансии на САД
Стивен Мнучин, секретар за финансии на САД

„Неприфатливо е за поединци и компании во Кина, Русија и на други места да и` дозволат на Северна Кореја да создава приход кој се користи за развивање на оружје за масовно уништување и дестабилизација на регионот,“ рече секретарот за финансии Стивен Мнучин. „Ние активностите ги преземаме согласно санкциите на ОН, за да покажеме дека има последици од нивно прекршување и обезбедувањето поддршка на Северна Кореја, како и спречување на вакви активности во иднина“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG