Џо Данфорд, кој се наоѓа во посета на Кина, изјави дека е се` поитно оваа земја да го засили притисокот врз Северна Кореја.
Началникот на Американскиот здружен генералштаб и неговиот кинески колега, потпишале договор за подобрување на комуникацијата меѓу двете земји.
Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека Кина и САД одржуваат тесна комуникација за главните меѓународни и регионални прашања.
Во меѓувреме, генералот Данфорд истакна дека САД и Јужна Кореја ќе ги одржат годишните заеднички воени вежби закажани за идната недела, давајќи отпор на притисокот на Кина и Северна Кореја да ги прекинат.
Данфорд по Кина ќе замине за Јапонија.
Facebook Forum