Линкови за пристапност

САД нема да почнат воен напад, без согласност од Сеул


Претседателот Мун се заложи за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров, преку дијалог и ангажирање

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин денес изјави дека добил уверување од американскиот претседател Доналд Трамп дека Вашингтон нема да започне никаков напад врз Северна Кореја, без одобрување од Сеул.

„САД и претседателот Трамп прогласија и ветија дека без оглед на воените дејства што би сакале да ги преземат, тие целосно ќе разговараат со нас за да добијат согласност“, рече Мун.

Јужнокорејскиот претседател одржа прес конференција во Сеул, за да ги одбележи првите 100 дена од неговата администрација.

Либералниот Мун беше избран на функцијата во мај годинава, по отповикувањето на конзервативниот претседател Парк Геун-хо, кој беше соборен од функцијата, поради наводна вмешаност во корупциски скандал вреден неколку милиони долари.

За разлика од неговиот претходник, кој внимателно ги формулирал одговорите на однапред одобрени прашања за време на конференции за вести, Мун одговори спонтано, но сепак внимателно ги избегна потенцијалните несогласувања со САД.

Претседателот Мун се заложи за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров, преку дијалог и ангажирање, во она што изгледа како остра разлика во тонот и акцент на конфронтативната реторика, и „максимален притисок“ на претседателот Трамп со „оган и бес“, што ја нагласува можната употреба на сила да ја спречи Северна Кореја да развие нуклеарна интерконтинентална балистичка ракета (МКБМ), која би можела да ги загрози САД.

„Позицијата на претседателот Мун е деликатна. Тој не сака да излезе и да покаже јаз со сојузниците на САД, дури и кога претседателот Трамп користи ескалациски јазик и зборува за опции за војна, кои се сосема издржани за интересите на огромното мнозинство на Јужнокорејците“, рече Џон Делеј, професор по меѓународни односи на Универзитетот Јонеи во Сеул.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG