Линкови за пристапност

Ослободен каталонскиот лидер


Карлес Пуџдемонт и четири поранешни министри претходно се предадоа на властите во Белгија

Соборениот лидер на Каталонија, Карлес Пуџдемонт, и четворица поранешни каталонски министри беа ослободени вчера откако се предале на белгиските власти. Тие можат да се соочат со екстрадиција во Шпанија поради наводен заговор за бунт.

Тие се предале по издавањето на налог за апсење од страна на Шпанија.

Белгиски истражен судија пресуди дека нема причина да бидат уапсени каталонските политичари, под услов тие да останат во Белгија и да присуствуваат на нивните судски расправи во рок од две недели.

Сојузниците на Пуџдемонт вклучени во налогот за апсење се поранешниот министер за земјоделство Меритксел Серет, поранешниот министер за здравство Антони Комин, поранешниот министер за култура, Луис Пуиг, и поранешната министерка за образование Клара Понсати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG