Линкови за пристапност

Почна судењето за каталонскиот врв, Пуџдемон не е меѓу нив


Тој ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани и рече дека ќе се врати назад во Шпанија ако добие гаранција

Група лидери од шпанскиот регион на Каталонија, се појавија во два мадридски судови во четвртокот за да одговорат за обвиненијата за бунт, побуна и проневера, поврзани со обидот за независност на Каталонија.

Меѓу нив, не се појави лидерот Карлес Пуџдемон, кој оваа недела беше во Брисел и не се придржуваше до наредбата на судот да се појави на рочиште.

Тој ги отфрли обвиненијата како политички мотивирани и рече дека ќе се врати назад во Шпанија ако добие гаранција дека процесот ќе биде непристрасен и фер.

Непојавувањето на Пуџдемон на суд, отвара можност да биде уапсен од шпанските власти.

Централната влада на Шпанија минатата недела направи чекор за преземање на контролата врз Каталонија и го распушти регионалниот парламент како одговор на референдумот за независност од 1-ви октомври и последователното прогласување независност од страна на пратениците од каталонскиот парламент.

Потегот од минатата недела да и` се забрани независност на Каталонија, доведе до закажување нови избори во регионот за декември.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG