Линкови за пристапност

Каталонскиот лидер во Брисел, додека Шпанија бара обвиненија


Меѓу можните обвиненија се противдржавно делување, бунт и незаконско присвојување

Суспендираниот претседател на Каталонија Карлес Пуџдемон, изјави дека нема да бара азил во Белгија, еден ден откако допатува во Брисел. Во меѓувреме, шпански претставници најавија дека против каталонските лидери ќе бидат поднесени обвиненија за противдржавно делување, бунт и незаконско присвојување.

Пуџдемон денеска кажа дека не е во оваа земја за да бара азил, туку од „безбедносни причини и слобода“. Тој не прецизираше колку долго ќе остане во Белгија.

Главниот обвинител Хозе Мануел Маза, истакна дека нема да се залага за обвиненија за каталонските лидери кои ги предводеа напорите за отцепување од Шпанија, додавајќи дека зависи од судот како ќе постапи понатаму. Меѓу казните се и до 30 години затвор.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG