Линкови за пристапност

Британскиот премиер Стармер ќе се сретне со Трамп во Белата куќа


Британскиот премиер Кир Стармер зборува за време на прием на 26 февруари 2025 година во Вашингтон
Британскиот премиер Кир Стармер зборува за време на прием на 26 февруари 2025 година во Вашингтон

Британскиот премиер Кир Стармер треба да се сретне со претседателот Доналд Трамп денес во Белата куќа за да се осврне на тековниот конфликт во Украина и билатералните трговски врски, во услови на царински закани на американскиот лидер кон Европа и барањата континентот помалку да се потпира на Вашингтон за својата безбедност.

Пред нивниот состанок, Трамп, кој сака членките на НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 5 отсто од нивниот Бруто домашен производ, го повтори својот став дека Европа треба да ги зголеми трошоците.

Тој им рече на новинарите во Белата куќа вчера дека американските даночни обврзници „не треба да ја плаќаат повеќе отколку што плаќаат Европејците“.

Во нешто што се чини дека е потег за смирување на Трамп, во вторникот, Стармер објави неочекувано зголемување на буџетот за одбрана на Велика Британија на 2,5% од БДП на нацијата до 2027 година, а потоа на 2,6% следната година.

Стармер на членовите на британскиот парламент, им рече дека ова е „најважниот билатерален сојуз на неговата земја“ со САД.

Стармер им рече на новинарите во вторникот дека постигнување на зголемувањето на трошоците трае три години, по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Зголемувањето ќе биде финансирано со намалување на веќе исцрпениот буџет за странска помош на Велика Британија на само 0,3 отсто од БДП на земјата.

Тој призна дека одлуката за зголемување на трошоците за одбрана била „забрзана“ како што Трамп се движи да преговара со Москва, без учество на Украина или Европејци, и јасно стави до знаење дека ја намалува поддршката на САД за безбедноста на Европа.

„Претседателот Трамп мисли дека треба да направиме повеќе, и јас се согласувам со него. Тоа е во согласност со моето размислување за ова“, рече Стармер.

Тој рече дека има за цел дополнително да ги зголеми трошоците за одбрана на 3 отсто во следниот парламент, кој ќе започне најдоцна во 2029 година по следните општи избори.

Клучната порака што Стармер треба да ја истакне е дека Европејците мора да бидат дел од какви било дискусии за Украина, рече Гезине Вебер од Германскиот маршалов фонд.

„Бидејќи би било многу чудно да имате ситуација кога товарот ќе се префрли на Европејците, но не и стратешката одговорност и стратешките размислувања“, рече таа за Гласот на Америка.

Во 2023 година, САД потрошиле 3,4% од својот БДП за одбрана, според податоците на американската влада собрани од Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот.

XS
SM
MD
LG