Линкови за пристапност

Венс ја предупреди Европа на конзервативната конференција во Вашингтон


Потпретседателот на САД гестикулира на денот кога се обраќа на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Мериленд, 20 февруари 2025 година
Потпретседателот на САД гестикулира на денот кога се обраќа на Конференцијата за конзервативна политичка акција во Мериленд, 20 февруари 2025 година

Предупредување за Европа, дадено од потпретседателот Џеј-Ди Венс:

„Погледнете, очигледно ќе продолжиме да имаме важни сојузи со Европа. Но, навистина мислам дека силата на тие сојузи ќе зависи од тоа дали ќе ги носиме нашите општества во вистинската насока“.

Венс зборуваше вчера на годишната Конференција за конзервативна политичка акција. Овогодинешниот собир привлече десничарски европски лидери од Аргентина, Велика Британија, Полска, Унгарија и Италија.

Аналитичарите велат дека го гледаат распадот на еден од најважните сојузи на САД како се одвива во реално време.

„Мислам дека треба многу, многу сериозно да го сфатите она што се случува на конференцијата. И знаете, она што ние овде го гледаме е одвојување на Америка од нашите традиционални сојузници во Европа, од НАТО. Ова е 80-годишно партнерство кое изгледа како да се распаѓа во моментов. Мислам дека тоа е аларм за Американците и навистина загриженост за Европа“, изјави аналитичарот Џим Кеслер.

Не сите Европејци не се согласуваат со администрацијата на Трамп.

„Завршете ја војната. Претседателот Трамп е во право. Како што рече мојот премиер, оваа војна мора да заврши бидејќи никаде не не`носи. Тоа е лудо. Стотици и стотици илјади луѓе умираат“, кажа Балаш Орбан, директорот за политика на унгарскиот премиер.

Дијана Joвановичи Шошоака, членка на Европскиот парламент која ја предводи екстремно десничарската партија во Романија, изјави за Гласот на Америка дека администрацијата на Трамп ја поканила.

Оваa, рече таа, е нејзинa прва конзервативна конференција. Таа зборуваше за ставовите што ги споделува со Трамп - ставови кои, како што вели, го навеле Уставниот суд на Романија да ја забрани од претседателската трка во 2024 година.

„Затоа што имам мислења против Европската Унија, против НАТО, на овие постапки на НАТО, да се создаде војна или нешто слично. И поради моите изјави за слобода, и затоа што бев против вакцинирање против ковид и против маски, и бев гласот на Романија како што вие сте Гласот на Америка, имате неуставни мислења и не можете да одите на избори“.

Конференцијата за конзервативна политичка акција беше инструментална во издигнувањето на Трамп до врвот на конзервативната политика.

Тој се обрати на состанокот за време на неговиот прв мандат; оваа година тој зборува утре.

XS
SM
MD
LG