Бостонската полиција уапсила уште три лица за кои тврди дека му помогнале на обвинетиот Џохар Царнаев по нападот извршен на 15-ти април.
Според полициски извори, но и адвокат на одбраната, двајца од осомничените се државјани на Казахстан кои студирале на Универзитетот на Масачусетс во Дармут, истата установа на која се запишал и Царнаев.
Двајца од осомничените, идентификувани како Диас Кадирбаев и Азамат Тажајаков, преку една недела биле во притвор поради прекршување на условите на нивните студентски визи. Властите не го објавија името на третиот осомничен, Американец.
Властите во изјавите за главните американски новински агенции тврдат дека осомничените отстраниле доказен материјал за нападот во кој загинаа три лица, а над 350 беа повредени.
По апсењето, полицијата преку Твитер соопшти дека не постои закана по јавноста.
Властите со денови велеа дека сметаат оти осомничените - Тамерлан Царнаев, кој загина во престрелка со полицијата неколку дена по нападот, и неговиот помлад брат Џохар - дејствувале самостојно, иако истрагата се обидуваше да утврди дали има докази дека добиле помош од други.