Линкови за пристапност

ФБИ најде женска ДНК на фрагмент од бомбите во Бостон


Бирото наводно зело и генетски доказен материјал од домот на родителите на вдовицата на Тамерлан Царнаев.

Федералните истражни органи наводно зеле генетски примероци доказен материјал од домот на родителите на Кетрин Расел, вдовицата на Тамерлан Царнаев, загинатиот од браќата осомничени за нападот на Боастонскиот маратон.

Агенти на федералното истражни биро вчера го посетија домот откако наводно нашле траги на ДНК од жена на фрагмент на барем една од бомбите употребени во нападот на 15-ти март.

Расел со ќерката се пресели во домот на своите родители откако нејзиниот сопруг загина во престрелка со полицијата, три дена по нападот. Според нејзиниот адвокат, таа целосно соработува со истражните органи.

Федералниот судија задолжен за случајот во врска со нападот ја назначи истакнатата адвокатка Џуди Кларк да помогне во одбраната на преживеаниот од браќата, Џохар Царнаев. Таа има застапувано клиенти во неколку случаи од висок профил во кои обвинението можеше да донесе смртна казна.
XS
SM
MD
LG