Линкови за пристапност

Блинкен се надева дека ќе ја посети Кина оваа година


Изјавата на државниот секретар на САД го одразува она што експертите го гледаат како знаци на затоплување на односите меѓу САД и Кина
Изјавата на државниот секретар на САД го одразува она што експертите го гледаат како знаци на затоплување на односите меѓу САД и Кина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека се надева оти ќе може да ја презакаже посетата на Кина оваа година, откако го одложи планираното патување во Пекинг во февруари поради кинески шпионски балон соборен од американската војска.

Изјавата на Блинкен го одразува она што експертите го гледаат како знаци на затоплување на односите меѓу САД и Кина, вклучително и неодамнешниот состанок на високо ниво во Пекинг меѓу американските и кинеските претставници, како и планот на американската Администрација за храна и лекови да продолжи со инспекциите во Кина што поскоро ова лето.

Блинкен рече дека се надева на прашањето на Вашингтон пост дали неговото патување во Кина може да се презакаже оваа година.

Највисокиот американски дипломат рече дека е важно САД и Кина „повторно да воспостават редовни линии на комуникација на сите нивоа и низ нашата влада“.

Заменик-портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател, им рече на новинарите дека нема „да понуди ниту времето и проценка за тоа кога ќе се случи патувањето на Блинкен во Кина.

Еден ден претходно, американскиот амбасадор во Кина Николас Барнс изрази фрустрација поради недостигот на пристап до високи функционери во Кина.

„Мислам дека пристапот за сите нас во владата на САД, што ги вклучува и членовите на нашиот кабинет, навистина се намали во текот на минатата година“, рече Барнс за време на настанот вчера организиран од центарот Стимсон со седиште во Вашингтон.

„Имаше временски периоди, сега мислам на почетокот на летото минатата година, каде што имавме многу пристап и многу комуникација напред-назад“.

Подготвени сме да разговараме, рече Барнс.

„Она што навистина ни треба е поширок ангажман на ниво на Кабинетот, а САД се подготвени за тоа“.

Тој додаде дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден никогаш не поддржала замрзнување на односите меѓу САД и Кина.

Кинеската редакција на Гласот на Америка придонесе за овој извештај

XS
SM
MD
LG