Линкови за пристапност

Блинкен го одложи патувањето во Пекинг по инцидентот со шпионскиот балон што кружи над САД


Кина денес призна дека балонот е нејзин, но рече дека станува збор за метеоролошки балон кој ненамерно залутал од курсот
Кина денес призна дека балонот е нејзин, но рече дека станува збор за метеоролошки балон кој ненамерно залутал од курсот

Стејт департментот соопшти дека го одложува патувањето на државниот секретар Eнтони Блинкен во Пекинг, откако беше откриен кинески балон кој лебди над САД.

Блинкен се очекуваше да отпатува во Пекинг на состаноци со кинескиот лидер Шји Џјинпинг и други високи претставници во наредните денови. Надлежните не кажаа кога очекуваат да се презакаже.

Кина денес призна дека балонот што американските власти го следеа од Алјаска до Монтана во последните денови е нивен, иако тие рекоа дека станува збор за метеоролошки балон кој ненамерно залутал од курсот.

Одделот за одбрана на САД соопшти дека го надгледува балонот, кој патува високо над комерцијалниот воздушен сообраќај. Официјални лица рекоа дека тоа не претставува воена или физичка закана за луѓето на теренот.

XS
SM
MD
LG