Републиканците, кои се мнозинство во Претставничкиот дом на САД, усвоија повеќе од 20-тина предлог-закони засновани на сопствената партиска идеологија, како оној за отфрлање на делови од реформата на здравствената заштита. Па сепак, не постои шанса нив да ги усвои Сенатот, кој е под контрола на демократите. Така, во Конгресот владее повеќе партиско надмудрување отколку соработка.
„Не знам зошто се инсистира на политичка борба за нешто за кое нема потреба. Го политизираат ова прашање затоа што е изборна година. Но, зошто мора да се бориме за се` и сешто?“, изјави неодамна претседателот на Претставничкиот дом, републиканецот Џон Бејнер, коментирајќи го спорот околу предлог-законот што ќе спречи милиони студенти да плаќаат двојно поголема камата за заемите за студирање доделени од владини фондови. Така говореше додека претседателот Барак Обама, демократ, на турнејата по неколку универзитети, го повика Конгресот да го усвои тој закон и другите што претходно лесно минуваа низ телото со широка, натпартиска поддршка. Но, во оваа изборна година, ваквите закони се усвојуваат во “минута до дванаесет“.
Политичкиот аналитичар Норман Орнстин вели дека републиканците во Претставничкиот дом посекако усвоиле голем број закони со идеолошка заднина за да ја задоволат фискално-конзервативната база на движењето „Ти парти“, но дека проблемот е во тоа што ова тело нема направено ништо повеќе од тоа.
„Нема ништо противзаконско во тоа да се заземе позиција и да се каже – еве каде стоиме. Но, она што наштетува на репутацијата на Конгресот е дека потоа не следи обид да се решат проблемите во други области“, коментира Орнстин.
Конгресменот Барни Френк, кој важи за либерален демократ и кој наскоро ќе замине од функцијата, смета дека за ќорсокакот во Конгресот се виновни членовите на „Ти парти“. Повеќето конзервативци, пак, возвраќаат дека владата и онака е премногу голема и не треба да се меша во системот за здравствена заштита и други лични прашања.
Последниот збор ќе го кажат гласачите на изборите - во ноември.

„Нема ништо противзаконско во тоа да се заземе позиција и да се каже – еве каде стоиме. Но, она што наштетува на репутацијата на Конгресот е дека потоа не следи обид да се решат проблемите“.Норман Орнстин, политички аналитичар