Линкови за пристапност

Бајден: Русија ќе се обиде повторно да влијае врз изборните процеси


Американскиот потпретседател вели дека Москва сака да ги врати сферите на влијание

Американскиот потпретседател Џо Бајден ги предупреди европските нации да бидат подготвени, затоа што Русија ќе се обиде да влијае врз нивните избори на истиот начин за кој американските разузнавачки агенции се уверени дека Москва го сторила на ноемвриските избори во САД, помагајќи му на Доналд Трамп да победи.

„Многу земји во Европа одржуваат избори годинава, ние треба да очекуваме понатамошни обиди од Русија да се меша во демократските процеси. Ќе се случи повторно, ве уверувам.“ кажа Бајден во неговото последно обраќање во Давос, Швајцарија.

Тој исто така ја обвини Русија за поткопување на она што тој го нарече „либерален меѓународен поредок“ и враќање на свет во кој супер силите имаат контрола над нациите и создавање сфери на влијание. Како дополнение на целењето врз демократските системи, Бајден ја наведе руската „агресија против соседите“ вклучувајќи ја Украина и користењето на доставата на енергија како оружје против останатите земји.

XS
SM
MD
LG