Линкови за пристапност

Бајден го повика Трамп да ја поддржи Украина


Американскиот потпретседател вели дека меѓународната заедница мора да се спротивстави на руската агресија

Американскиот потпретседател Џо Бајден рече дека „меѓународната заедница“ мора да застане против руската агресија, и го повика новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, да биде силен поддржувач и партнер на Украина.

Во денешниот говор во Киев, заедно со претседателот на Украина Петро Порошенко, Бајден истакна дека Украина води борба со „ракот на корупцијата“ и со „несмалената агресија на Кремљ“.

Коментарите на Трамп во заедничко интервју во англиски и во германски весник, е дека тој сака да ги прекине санкциите кон Москва, во замена за договорот за прекин на нуклеарно оружје.

Ова беше последната официјална посета на Бајден во Киев како потпретседател, укажувајќи на фокусот што Укарина го добила за време на администрацијата на Обама.

Бајден ја предводеше политиката на САД кон Украина, посетувајќи ја државата пет пати од 2013-та до 2014-та година.

Американската поддршка на Украина, која вклучуваше економски санкции кон Русија, поврзани со анексијата на Крим и конфликтот во источниот дел на Украина, придонесе за дополнително влошување на односите меѓу САД и Русија.

XS
SM
MD
LG