Линкови за пристапност

Бајден вели „секој треба да го осуди“ нападот врз Трамп, се надева дека набрзо ќе зборува со поранешниот претседател


Претседателот Џо Бајден зборува, на 13 јули 2024 година, во Рехобот Бич, Делевер, а се осврна на вестите по пукањето на предизборниот митинг на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД Доналд Трамп во Пенсилванија.
Претседателот Џо Бајден зборува, на 13 јули 2024 година, во Рехобот Бич, Делевер, а се осврна на вестите по пукањето на предизборниот митинг на републиканскиот претседателски кандидат и поранешен претседател на САД Доналд Трамп во Пенсилванија.

Претседателот Џо Бајден во саботата рече дека „сите мора да го осудат“ осомничениот обид за атентат врз поранешниот претседател Доналд Трамп, додавајќи дека се надева оти наскоро ќе разговара со својот претседателски ривал во 2024 година.

Обраќајќи ѝ се на нацијата околу два часа по пукањето, Бајден рече дека му олеснало што на Трамп наводно „е добро“. Тој рече дека не можел да воспостави контакт со Трамп пред да се обрати пред нацијата и вети дека подоцна ќе ја информира јавноста за тоа дали зборувале, како и дека ќе даде дополнителни детали за истрагата.

„Не можеме да дозволиме тоа да се случи“, рече Бајден. „Идејата дека во Америка има вакво насилство е неприфатлива.

Бајден, зборувајќи без телепромптер, рече дека чека дополнителни информации пред формално да го нарече нападот обид за атентат врз поранешниот претседател.

„Имам мислење, но немам никакви факти“, им рече тој на новинарите, ветувајќи дека ќе обезбеди информации кога ќе дознае повеќе.

Претседателот зборуваше од просторијата за итни брифинзи на Белата куќа во Рехобот, Делавер, која е воспоставена за случаи кога претседателот патува за да му овозможи да испорача брзи изјави кога патува. Тој го поминувал викендот во својот дом на плажа и бил во блиската црква на миса кога се случило пукањето.

Бајден доби „првичен брифинг“ од советниците откако ја напуштил црквата неколку минути по пукањето, а потоа ги повикал безбедносните службеници за подетално информирање од Кимберли Читл, директорката на тајната служба на САД, секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас и од советничката на Белата куќа за домашна безбедност Лиз Шервуд-Рандал.

По пукањето на митингот на Трамп, кампањата на Бајден соопшти дека ги паузирала сите пораки до поддржувачите и работи да ги повлече сите свои телевизиски реклами што е можно побрзо, се вели во кампањата.

Потпретседателката Камала Харис во изјавата рече дека и таа била брифирана, додавајќи дека неа и на нејзиниот сопруг „им олеснило“ што Трамп не бил сериозно повреден.

„Се молиме за него, за неговото семејство и за сите оние кои беа повредени и погодени од ова бесмислено пукање“, рече таа.

XS
SM
MD
LG