Линкови за пристапност

Бајден може ќе го прескокне самитот на Г-7 ако нема договор за лимитот на долгот


Претседателот на САД минатата недела рече дека е посветен да оди, но оти решавањето на ќорсокакот со долгот е „единствената најважна работа“ на неговата агенда
Претседателот на САД минатата недела рече дека е посветен да оди, но оти решавањето на ќорсокакот со долгот е „единствената најважна работа“ на неговата агенда

Додека претседателот Џо Бајден и конгресните лидери продолжуваат со разговорите за зголемување на лимитот на државниот долг за да се спречи земјата да не ги исполни своите обврски, овој ќорсокак сепак може да ги попречи претстојните состаноци на американскиот претседател со сојузниците во Јапонија и Австралија.

Бајден треба да замине од Вашингтон за Хирошима за да присуствува на состанокот на лидерите на Г-7 в среда, ден по неговиот втор состанок со конгресните лидери за лимитот на задолжување.

На 22 мај, тој треба да продолжи во Сиднеј, со кратко застанување во Папуа Нова Гвинеја.

Состаноците се наведени како можности за продлабочување на соработката за регионалните предизвици и унапредување на стратешките интереси на САД во спротивставување на влијанието на Кина.

Бајден се „очекува да замине“, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер за време на нејзиниот брифинг во петокот.

Бајден минатата недела рече дека е посветен да оди, но дека решавањето на ќорсокакот со долгот е „единствената најважна работа“ на неговата агенда.

Во зависност од состојбата на тие преговори, тој рече дека е можно да присуствува „виртуелно или да не оди“.

Тоа не би било првпат американски претседател да прескокне самит поради буџетски спорови дома.

Барак Обама го откажа патувањето на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка во Индонезија и на самитот на Источна Азија во Брунеи во 2013 година, поради затворање на владата поради несогласување за буџетот, а Бил Клинтон се повлече од состанокот на АПЕК Јапонија во 1995 година, исто така, за време на спор околу лимитот на долгот.

Годинешниов самит на Г-7 ќе биде во Хирошима, Јапонија од 19 до 21 мај. Г-7 е група на водечките светски индустриски нации, вклучително и САД, Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Обединетото Кралство и Европската унија.

XS
SM
MD
LG