Линкови за пристапност

Бајден молчи за обвинението против Трамп


Бајден честопати молчи во однос на „драмите“ на Трамп, иако од него новинарите бараат коментари
Бајден честопати молчи во однос на „драмите“ на Трамп, иако од него новинарите бараат коментари

Американскиот претседател Џо Бајден засега не се произнесе по покренатото обвинениние против неговиот претходник Доналнд Трамп, иако ова е првпат кривично да се гони поранешен претседател на САД.

Бајден честопати молчи во однос на „драмите“ на Трамп, иако од него новинарите бараат коментари, вели репортерот од Белата Куќа за Асошиетед прес, Џош Боак. По прашањето за тоа како ова ќе се рефлектира врз кандидатурата на Трамп, но и врз Бајден, Боак вели:

„Ова е тешко прашање. Многу поддржувачи на Трамп сметаат дека ова ќе го поттикне Трапм поенергично да се бори за влез во Белата Куќа во 2024 година. Од друга страна, Бајден треба да најде начин да објасни зошто заслужува да остане на функцијата, без да го имплицира Трамп, зашто тоа би довело до негово директно соочување со поранешниот претседател“, рече Боак.

Дел од информациите се од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG