Големата порота во Њујорк изгласа покренување на обвинение против Трамп. Ова беше очекувано особено откако Трамп најави кандидатура за претседателските избори во 2024 година. Тој сега е единствениот, актуелен или поранешен претседател, проти кого е покренато обвинение за кривично дело.
По оваа одлука, граѓаните со поделени мислења.
„Тој требаше да биде обвинет за милион работи и конечно е обвинет за нешто. Време е!“, рече Керолајн од Њујорк.
„Не влијае на мојот живот. Тоа е што е. Но, ќе се извлече, бидејќи е добар во тоа – ќе се исмее на сè и сешто и сите ќе ги направи будали“, рече Ник од Калифорнија.
Не влијае на мојот живот. Тоа е што е. Но, ќе се извлече, бидејќи е добар во тоа – ќе се исмее на сè и сешто и сите ќе ги направи будали.Ник од Калифорнија
„Мислам дека е глупаво обвинението. Америка треба да троши време на поважни работи отколку ‘да брка глушец во кујната’. Тој не е глушец, туку е личност која има направено многу за државата“, вели Стив од Чикаго.
„Ова е веројатно тоа што го сакаат – на кампањата на Трамп ова ѝ одговара. Бесплатен маркетинг. Ќе биде во јавност. Ако победи, ќе се фали со тоа“, рече Оскар од Њујорк.
„Не влијае на мојот живот. Тоа е што е. Но, ќе се извлече, бидејќи е добар во тоа – ќе се исмее на сè и сешто и сите ќе ги направи будали“, рече Ник од Калифорнија.
„Мислам дека ова обвинение покажува дека живееме во граѓанско општество и дека никој не е над законот. И се надевам, ако тој навистина извршил кривични дела, да одговара за тоа“, смета Џејмс од Конектикат.
Обвинението останува запечатено, и не е јасно за какви дела станува збор и по колку основи е обвинет Трамп.
Адвокатот на Трамп, Џо Такопина изјави дека поранешниот претседател најверојатно ќе биде изведен пред суд на почетокот од следната недела.