Линкови за пристапност

Бајден ќе потпише извршна наредба за да го намали ризикот од вештачката интелегенција


Американскиот претседател Џо Бајден се обидува да ги намали ризиците што вештачката интелигенција ги претставува за потрошувачите, работниците, малцинските групи и за националната безбедност со нова извршна наредба денес.

Наредбата, која се очекува да ја потпише во Белата куќа, бара од развивачите на системи за вештачка интелигенција кои претставуваат ризик за националната безбедност, економијата, јавното здравје или безбедноста на САД да ги споделат резултатите од безбедносните тестови со американската влада, пред да бидат објавени во јавноста.

Исто така, ги насочува агенциите да постават стандарди за тоа тестирање и да се осврнат на поврзаните хемиски, биолошки, радиолошки, нуклеарни и сајбер ризици.

Овој потег е најновиот чекор на администрацијата да постави параметри околу вештачката интелигенција, како што брзо напредува со досега ограничена регулатива.

XS
SM
MD
LG