Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција придонесува за падот на глобалната слобода на Интернетот, укажува најнов извештај на Фридом хаус

Од 70-те земји проучувани во извештајот - кои сочинуваат 88% од светската популација на корисници на интернет - луѓето се соочија со правни последици поради тоа што се изразуваа онлајн во рекордни 55 земји, како одраз на глобалниот пад на демократијата.

Вештачката интелигенција придонесува за падот на глобалната слобода на интернетот, но виновни се и повеќе традиционалните средства за репресија, се вели во годишниот извештај на Freedom on the Net на Фридом Хаус, кој покажа дека глобалната слобода на интернет опаѓа 13-та година по ред.

„Не е изненадувачки што глобалната слобода на интернет опаѓа 13-та година по ред оваа година“, рече Али Фанк, ко-авторка на извештајот.

„Напредокот во вештачката интелигенција од изминатата година навистина ја продлабочува оваа криза за слободата на интернетот“.

Од 70-те земји проучувани во извештајот - кои сочинуваат 88% од светската популација на корисници на интернет - луѓето се соочија со правни последици поради тоа што се изразуваа онлајн во рекордни 55 земји, како одраз на глобалниот пад на демократијата.

Објавен во средата, извештајот утврди дека Кина има најлоша стапка во светот за слобода на интернет, деветта година по ред.

Но, Мјанмар, кој сè уште се опоравува од воениот удар пред две и пол години, е на второ место. Иран, пак, доживеа најголем пад на слободата на интернет од минатата година.

Вештачката интелигенција ги привлекува насловите откако компанијата OpenAI го лансираше својот генеративен чат-бот за вештачка интелигенција ChatGPT пред речиси една година.

Оттогаш, брзиот напредок во генеративната вештачка интелигенција ги забрза предизвиците со кои се соочува интернетот кој е под закана со години.

„Иако вештачката интелигенција има многу од овие навистина возбудливи употреби за општеството, за медицината, нејзиното прифаќање навистина го зголемува обемот и ефикасноста на дигиталната репресија. Затоа, гледате - надзор, цензура и дезинформација“, изјави Фанк за Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG