Линкови за пристапност

Вештачката интелигенција да се забрани за ширење лаги во политички реклами, бараат сенатори


Предлог-законот предвидува забрана на дистрибуција на измамнички аудио, слики или видео генерирани со вештачка интелигенција, кои се однесуваат на кандидати во политички реклами за да се влијае на федералните избори
Предлог-законот предвидува забрана на дистрибуција на измамнички аудио, слики или видео генерирани со вештачка интелигенција, кои се однесуваат на кандидати во политички реклами за да се влијае на федералните избори

Двајца демократски и двајца републикански американски сенатори денес предложија легислатива да се забрани употребата на вештачка интелигенција која создава содржина што лажно прикажува кандидати во политички реклами за да влијае на федералните избори.

Властите ширум светот се борат со тоа како да регулираат и да донесуваат закони за прашања поврзани со вештачката интелигенција, бидејќи услугите како што е „ЧетГПТ“ стануваат помоќни.

Експертите велат дека алатките за вештачка интелигенција може да го олесни, на пример, спроведувањето масовни кампањи за хакирање или создавање лажни профили на социјалните мрежи за ширење лажни информации и пропаганда.

Демократите Ејми Клобучар и Крис Кунс, заедно со републиканците Џош Хејли и Сузан Колинс, повикаа на акција во заедничко соопштение.

„Овој предлог-закон ќе забрани дистрибуција на измамнички аудио, слики или видео генерирани со вештачка интелигенција, кои се однесуваат на федерални кандидати во политички реклами или реклами за одредени прашања за да се влијае на федералните избори или прибирање средства“, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG