Линкови за пристапност

Бајден и конгресните лидери не се договорија за воена помош за Украина


Во дискусијата учествуваа лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис
Во дискусијата учествуваа лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис

Претседателот Џо Бајден и највисоките демократи и републиканци во Конгресот денес постигнаа напредок кон избегнување делумно затворање на владата на крајот на неделата, но не склучија договор за плаќање оружје за битката на Украина против Русија.

„Имаме многу работа“, рече Бајден при отворањето на состанокот во Овалната канцеларија, со потпретседателката Камала Харис на негова страна и двајцата врвни конгресни демократи и двајца врвни републиканци седнати во близина.

Околу еден час подоцна, имаше оптимизам дека ќе се избегне затворање на владата.

„Ќе ја финансираме владата“, изјави спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон за новинарите пред Белата куќа.

Бајден денес беше домаќин на конгресните лидери во Белата куќа, во обид да се обезбеди помош од милијарди долари за Украина и да се избегне претстојното затворање на американската влада.

Во дискусијата учествуваа лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, лидерот на малцинството во Сенатот Мич Меконел, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и лидерот на малцинството во Претставничкиот дом Хаким Џефрис.

Сенатот предводен од демократите претходно овој месец усвои двопартиски закон за безбедност од 95 милијарди долари, кој вклучува 61 милијарда долари за Украина, 14 милијарди долари за Израел, речиси 5 милијарди долари за поддршка на партнерите во Индопацификот, вклучително и Тајван, и друга помош.

Џонсон вети дека нема да го донесе предлог-законот на гласање во Претставничкиот дом, велејќи дека американскиот народ сака законодавците да се фокусираат на домашните проблеми, вклучително и граничната безбедност, наместо да испраќаат помош во странство.

Шумер денес рече дека ако не се поддржи Украина сојузниците ќе добијат до знаење дека не можат да зависат од САД.

Лидерите се соочуваат со краен рок во петок да се договорат за финансирање на некои делови од владата, вклучително и земјоделството, транспортот и некои услуги на ветераните.

Друг рок е една недела подоцна, кога ќе истече финансирањето на остатокот од владата.

Некои информации во текстот се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG