Линкови за пристапност

Бајден води пред Трамп, а Хејли пред Бајден во директно соочување на изборите, покажа нова анкета


Според националната анкета на Универзитетот Квинипек, 77 отсто од републиканските и републикански наклонетите гласачи го поддржуваат Трамп, а 21 отсто ја поддржуваат Хејли
Според националната анкета на Универзитетот Квинипек, 77 отсто од републиканските и републикански наклонетите гласачи го поддржуваат Трамп, а 21 отсто ја поддржуваат Хејли

Претседателот Џо Бајден води пред поранешниот претседател Доналд Трамп со 50 наспроти 44 отсто меѓу регистрираните гласачи, според националната анкета на Универзитетот Квинипек, како што знаците укажуваат на тоа дека претседателските избори во 2024 година ќе бидат повторување од 2020.

Во анкета на универзитетот од 20 декември 2023 година, Бајден доби 47 отсто поддршка, а поранешниот претседател Трамп доби 46 отсто поддршка.

Во денешната анкета, демократите и независните го поддржуваат Бајден, додека републиканците го поддржуваат Трамп.

Родовиот јаз се зголемува. Жените 58-36 отсто го поддржуваат Бајден, што е повеќе од декември кога беше 53-41 отсто. Мажите 53-42 отсто го поддржуваат Трамп, главно непроменет од декември кога беше 51-41 отсто.

„Родовата демографија раскажува приказна на која треба да се внимава. Придвижена од женски гласачи само во изминатите неколку недели, директната врска со Трамп се претвора во скромна предност за Бајден“, изјави Тим Малој, аналитичар на анкети од Универзитетот Квинипек.

Во хипотетичкиот натпревар од пет лица на изборите во 2024 година, кој вклучува независни кандидати и кандидати од Зелената партија, Бајден добива 39 отсто поддршка, Трамп добива 37 отсто поддршка, независниот кандидат Роберт Кенеди Џуниор добива 14 отсто поддршка, независниот кандидат Корнел Вест добива 3 проценти поддршка, а кандидатката на Партијата на зелените Џил Стајн добива поддршка од 2 проценти.

Меѓу независните во хипотетичкиот натпревар од пет лица на избори во 2024 година, Бајден добива поддршка од 35 отсто, Трамп добива 27 отсто поддршка.

Во хипотетичкиот натпревар меѓу претседателот Бајден и републиканската претседателска кандидатка Ники Хејли, поранешен амбасадорка на САД во Обединетите нации и гувернерка на Јужна Каролина, 47 отсто од гласачите ја поддржуваат Хејли, а 42 отсто го поддржуваат Бајден.

Во денешната анкета, демократите (87 - 10 проценти) го поддржуваат Бајден, додека републиканците (79 - 4 проценти) и независните (53 - 37 проценти) ја поддржуваат Хејли.

„Во директен натпревар против Бајден, Хејли го надминува Трамп, благодарение на независните. Додадете кандидати од трети страни во мешавината и нејзините бројки делумно се лизгаат поради нејзината слабост меѓу републиканците“, додаде Малој.

Со оглед на тоа што републиканските претседателски прелиминарни избори во 2024 година сега се намалени на двајца кандидати, 77 отсто од републиканските и републикански наклонетите гласачи го поддржуваат Трамп, а 21 отсто ја поддржуваат Хејли.

Во декемвриската анкета со повеќе кандидати во трката, Трамп доби поддршка од 67 отсто, а Хејли 11 отсто.

На демократските претседателски прелиминарни избори во 2024 година, Бајден добива 78 отсто поддршка меѓу демократските и демократски наклонетите гласачи, авторката Маријана Вилијамсон добива 11 отсто поддршка, а американскиот претставник од Минесота Дин Филипс добива 6 отсто поддршка.

Триесет и шест проценти од гласачите ја опишуваат состојбата на економијата на нацијата овие денови како или одлична (6 проценти) или добра (30 проценти), додека 63 проценти ја опишуваат како или не толку добра (29 проценти) или лоша (34 проценти).

На прашањето што сметаат дека е најдобар показател за состојбата на економијата, 46 отсто од гласачите велат дека тоа се цените на производите и услугите, 19 отсто велат дека се стапката на невработеност и извештаите за работните места, 15 отсто ги кажале нивните лични финансии, 9 отсто велат пазарот на домување, а 5 отсто велат берзанскиот индекс.

XS
SM
MD
LG