Претседателот на САД, Џо Бајден, го обвини републиканецот Доналд Трамп, веројатно неговиот изборен противник во 2024 година, дека ги поттикнал нападите на 6 јануари 2021 година, а потоа одбил барања да ги прекине, ставајќи го бунтот во центарот на неговата кандидатура за реизбор.
Бајден одбележа три години од нападите на 6 јануари 2021 година со својот прв голем предизборен говор оваа година, напаѓајќи го Трамп, додека неговата кампања се обидува да одговори на прашањата за управувањето со американската економија, како и забелешките за неговата возраст, 81 година старост. Трамп е на 77 години возраст.
Бајден вети дека одбраната на демократијата е негово главно ветување и посочи дека гласањето за Трамп значи глас за диктатура.
„Демократијата е на гласачкото ливче. Вашата слобода е на гласачкото ливче“, рече Бајден.