Американскиот претседател Џо Бајден во неделата ненадејно ја заврши својата кандидатура за реизбор во 2024 година против поранешниот претседател Доналд Трамп.
81-годишниот Бајден, со намалена поддршка на национално ниво против републиканскиот противкандидат кого го порази на изборите во 2020 година, ја објави оваа изјава додека се опоравуваше од Ковид-19 во неговата куќа Рехобот Бич, Делавер, на брегот на Атлантикот.
Тој ја поддржа потпретседателката Камала Харис, да биде демократска претседателска кандидатка на изборите против Трамп на 5 ноември. Таа би била првата црна жена и кандидатка за претседатска функција од јужно-азиско потекло за голема партија во 248-годишната историја на САД.
Растечки број демократски лидери последниве денови побараа Бајден да се повлече по лошиот настап на дебатата против Трамп кон крајот на јуни.
Но, Бајден, петдецениски ветеран на политичката сцена во Вашингтон, инсистираше на тоа дека нема да се откаже освен ако „Семоќниот Бог“ не го побара тоа од него или ако се покаже дека емпириски не може да го победи Трамп по втор пат , или пак, ако така го советуваат неговите лекари.
Во неделата, тој во изјавата рече: „Верувам дека е во најдобар интерес на мојата партија и на земјата да се откажам и да се фокусирам исклучиво на исполнување на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат“, кој завршува во јануари.
Бајден рече дека Харис била „извонреден партнер“ и дека ја има „целосната поддршка“ да биде „номинирана од страна на нашата партија оваа година“. Бајден рече дека подоцна ќе се обрати на нацијата со детали за неговата одлука.
Бројни партиски функционери рекоа дека ја поддржуваат Харис да го замени Бајден како стандарден носител на партиската номинација против Трамп во трката за нов претседателски мандат почнувајќи следниот јануари.
Но други имаа кажано дека сакаат да ѝ остават на Демократската партија отворен простор до демократската национална конвенција следниот месец во Чикаго за поднесување на други претседателски номинации. Ако тоа се случи, може конвенцијата да биде турната во неред.