Линкови за пристапност

Бајден повика да се брани демократијата во обраќањето до нацијата


Она што го прави нашиот момент редок е тоа што слободата и демократијата се нападнати и дома и во странство во исто време, рече тој
Она што го прави нашиот момент редок е тоа што слободата и демократијата се нападнати и дома и во странство во исто време, рече тој

Американскиот претседател Џо Бајден го заврши своето обраќање за состојбата на нацијата истакнувајќи ја важноста да се одбрани демократијата дома и ширум светот.

„Гледам иднина во која ќе ја браниме демократијата, а не да ја намалуваме. Гледам иднина каде што ќе го вратиме правото на избор и заштита на другите слободи, а не да ги одземаме“, рече Бајден додека го завршуваше својот говор.

Претходно во текот на ноќта, Бајден започна со нагласување на, како што рече, заканите со кои се соочува демократијата ширум светот и го повика Конгресот да одобри дополнителна помош за Украина во нејзината војна против Русија.

„Ова му го кажувам на Конгресот: мораме да се спротивставиме на Путин. Испратете ми двопартиска легислатива за национална безбедност“, рече тој.

Републиканците во Претставничкиот дом го блокираат пакетот странска помош од 95 милијарди долари, одобрен од Сенатот, кој вклучува 61 милијарда долари за помош на Киев во неговата борба против Русија.

„Мојата порака до претседателот Путин, кого го познавам долго време, е едноставна: нема да заминеме“.

Пошироко, Бајден рече дека демократијата и слободата се под закана низ целиот свет.

„Она што го прави нашиот момент редок е тоа што слободата и демократијата се нападнати и дома и во странство во исто време“, рече тој.

Претседателот, исто така, ја пофали НАТО алијансата, која ја нарече „најсилниот воен сојуз што светот некогаш го видел“.

XS
SM
MD
LG