Линкови за пристапност

Економските практики на Кина се нефер, кажа Бајден


Во своето обраќање за состојбата на нацијата, Бајден, исто така, промовираше и други аспекти од неговата политика кон Кина, вклучително и „застанување за мир и стабилност во Тајванскиот теснец“ и ревитализирање на „нашите партнерства и сојузи во Пацификот“
Во своето обраќање за состојбата на нацијата, Бајден, исто така, промовираше и други аспекти од неговата политика кон Кина, вклучително и „застанување за мир и стабилност во Тајванскиот теснец“ и ревитализирање на „нашите партнерства и сојузи во Пацификот“

Американскиот претседател Џо Бајден ги критикуваше „нефер економските практики“ на Кина и инсистираше на тоа дека направил подобра работа спротивставувајќи му се на Пекинг отколку поранешниот претседател Доналд Трамп, неговиот ривал на овогодинешните претседателски избори.

Во своето обраќање за состојбата на нацијата, Бајден, исто така, промовираше и други аспекти од неговата политика кон Кина, вклучително и „застанување за мир и стабилност во Тајванскиот теснец“ и ревитализирање на „нашите партнерства и сојузи во Пацификот“.

„Се уверив дека најнапредните американски технологии не можат да се користат во Кина... искрено, за сите негови тешки разговори за Кина, на мојот претходник не му падна на памет да направи нешто од тоа“, додаде Бајден.

Коментарите на Бајден за Кина, кои беа само краток дел од неговиот говор, доаѓаат еден ден откако кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги ескалираше вербалните напади на неговата земја врз САД.

На маргините на годишниот состанок на Националниот народен конгрес на Кина, Ванг ги обвини САД дека се обидуваат да ја контролираат Кина преку санкции и инсистираше на тоа дека Вашингтон има „погрешни перцепции“ за Пекинг.

„Постојано се ажурираат средствата за потиснување на Кина, списокот на еднострани санкции постојано се проширува, а желбата да се наметне казна на Кина достигна незамисливо ниво“, рече Ванг за време на, како што изгледаше, цврсто скриптираната интеракција со локалните и странските медиуми.

Коментарите на Ванг беа контраст од септември, кога Бајден се сретна со кинескиот претседател Шји Џјинпинг во Калифорнија.

На тој состанок, двете страни се согласија да го обноват дијалогот и да соработуваат на неколку иницијативи, вклучително и да се спротивстави на протокот на фентанил во САД.

Иако Ванг призна дека е постигнат „извесен напредок“ на, како што го нарече „историскиот состанок“, тој ги обвини САД дека прекршуваат некои од своите ветувања.

„Ако САД секогаш кажуваат едно, а прават друго, каде ќе биде нивниот кредибилитет како главна сила?", рече Ванг.

Дури и кога продолжија разговорите на високо ниво, САД ги проширија санкциите против Кина за низа прашања, од кршење на човековите права до односите со Русија.

Во својот говор вчера, Бајден повтори дека сака „конкуренција со Кина, но не и конфликт“, притоа истакнувајќи дека САД се „во посилна позиција да победат во конкуренцијата во 21. век против Кина или кој било друг за тоа прашање“.

„Со години слушам многу мои републикански и демократски пријатели како велат дека Кина е во пораст, а Америка заостанува. Ние ја имаме најдобрата економија во светот. И откако дојдов на функцијата, нашиот Бруто домашен производ е зголемен. Нашиот трговски дефицит со Кина се спушти на најниската точка во повеќе од една деценија“, додаде тој.

Се очекува Кина да привлече поголемо внимание на јавноста како што се интензивира кампањата за претседателските избори во САД.

Во четвртокот, и Бајден, и американската сенаторка Кејти Брит, која го даде републиканскиот одговор, ја искористија Кина за да ги нападнат своите политички противници.

„Кинеската комунистичка партија ги поткопува американските работници. Кина го откупува нашето обработливо земјиште, ги шпионира нашите воени инсталации и шири пропаганда преку такви како ТикТок“, рече Брит, мислејќи на популарната апликација за споделување видео во сопственост на кинеска компанија.

Но, и покрај овие случувања, односите меѓу САД и Кина остануваат постабилни отколку во изминатите години, рече Ванг Хујао, основач и претседател на Центарот за Кина и глобализација со седиште во Пекинг.

„Не сакаме да видиме надолна спирала како што имавме порано. Затоа што ако тоа се случи, тоа може да биде многу опасно не само за САД и Кина, туку и за светот“, изјави Ванг за Гласот на Америка.

„Сè уште сум внимателен оптимист“, рече Ванг.

„Бидејќи луѓето сфаќаат дека по последните шест, седум години, ако САД и Кина навистина влезат во многу лоша ситуација, тогаш целиот свет е завршен“.

XS
SM
MD
LG