Првата дама Џил Бајден ќе ги пречека гостите да ѝ се придружат да го гледаат обраќањето на претседателот Џо Бајден за состојбата на нацијата вечерва.
Сите гости се поканети од Белата куќа бидејќи ги персонифицираат прашањата или темите што ќе бидат дел од говорот на претседателот и оти ги одразуваат политиките на администрацијата на Бајден-Харис.
Вториот господин Даг Емхоф, исто така, ќе ѝ се придружи на првата дама во делот за гледање.
Меѓу гостите ќе се најдат семјство со искуство со ин витро фертилизација, забрана за абортус, активист за заштита од насилство со оружје, претседателот на обединетите автомобилски работници, полициски офицер, активист за човекови права и други.
Меѓу гостите ќе бидат и шведскиот премиер Улф Кристерсон и новинарката и авторка Марија Шрајвер.
Говорот за состојбата на државата традиционално е момент кога американските претседатели ги истакнуваат домашните успеси, а претседателот Џо Бајден вечерва се очекува да разговара за неговото справување со економијата, репродуктивните права, контролата на оружјето и имиграцијата.
Но, бидејќи САД се справуваат со војните на Блискиот исток и Европа, надворешната политика може да биде повисоко на агендата во четвртиот, и потенцијално последен, таков говор на Бајден на заедничката седница на Конгресот.
Претседателот има намера да ги истакне своите достигнувања во „обновувањето на американското лидерство на светската сцена“, изјави Џон Кирби, советник за комуникации за национална безбедност во Белата куќа за Гласот на Америка, за време на интервјуто вчера.