Линкови за пристапност

Бајден ќе зборува со кралот Чарлс за климатските промени при посетата на Обединетото Кралство


Претседателот на САД Џо Бајден ќе се обиде да ги зголеми своите „блиски односи“ со Обединетото Кралство, соопшти Белата куќа, за време на неговата прва посета на новиот крал Чарлс и кога ќе се сретне со британскиот политички лидер.

Целта е да ја зајакне врската меѓу двете нации пред критичниот самит на НАТО кој би можел да го одреди текот на конфликтот во Украина.

Лондон е првата станица на патувањето на Бајден во три земји, кое започнува в понеделник. Тој потоа ќе замине во Вилнус, главниот град на Литванија, на самитот на лидерите на НАТО, а потоа во Хелсинки, главниот град на најновата членка на НАТО, Финска.

„Претседателот со големо нетрпение го очекува ова“, изјави за Гласот на Америка Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност.

„Како што знаете, Обединетото Кралство е наш најсилен сојузник, на толку многу начини, на толку многу нивоа“.

Кирби рече дека Бајден ќе разговара со премиерот Риши Сунак за прашања како што е војната во Украина, и оти ќе разговара за еколошките предизвици со монархот, кој беше ран застапник за климатските активности.

Британскиот премиер Риши Сунак минатиот месец беше во посета на Белата куќа.

Тогаш, заедно со Бајден, меѓу другото, зборуваа за лидерството на САД и Велика Британија во критичните и новите технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција, економска безбедност, дигитална трансформација и транзиција на чиста енергија.

XS
SM
MD
LG