Линкови за пристапност

Бајден има повисок рејтинг од Трамп на глобално ниво, покажа анкета


Надолниот тренд за двете политички фигури се чини дека е во согласност со опаѓачката доверба во САД како демократија за пример, покажа анкетата на истражувачкиот центар „Пју“
Надолниот тренд за двете политички фигури се чини дека е во согласност со опаѓачката доверба во САД како демократија за пример, покажа анкетата на истражувачкиот центар „Пју“

Новите податоци од анкетата на истражувачкиот центар „Пју“ покажуваат дека американскиот претседател Џо Бајден добил повеќе позитивни оценки на глобално ниво од поранешниот претседател Доналд Трамп.

Спроведено од 5 јануари до 21 мај, истражувањето на 40.566 луѓе во 34 земји - не вклучувајќи ги САД - покажа 43% доверба дека Бајден „ќе ја направи вистинската работа во светот“, во споредба со 28% за Трамп.

Додека анкетираните луѓе беа посигурни во Бајден отколку во Трамп во 24 земји, поранешниот претседател го презеде водството во Унгарија и Тунис, додека немаше значителна разлика во останатите осум земји.

И двајцата добија некои од нивните највисоки оценки за доверба на Филипини, при што Бајден постигна 77%, а Трамп со 68%. Сепак, рејтингот на Бајден се влоши од минатата година.

Четиринаесет од 21 земја му дадоа на Бајден помал рејтинг на доверба оваа година, во споредба со 2023 година.

Некои од неговите најнегативни критики се однесуваа на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. 34-те земји покажаа средна стапка на неодобрување од 57% за справувањето со војната од страна на Бајден.

Според „Пју“, истражувањето било спроведено пред Бајден да го објави својот предлог за ставање крај на војната.

Податоците, исто така, покажуваат дека мажите имаат поголема веројатност од жените да изразат доверба во Трамп во неколку од анкетираните земји.

Но, се вели во извештајот: „Жените честопати имаат помала веројатност од мажите воопшто да одговорат на ова прашање“.

Надолниот тренд за двете политички фигури се чини дека е во согласност со опаѓачката доверба во САД како демократија за пример.

Во сите анкетирани земји, околу четворица од 10 испитаници веруваат дека, иако САД некогаш беа пример за демократија на глобално ниво, тоа веќе не е случај, се вели во извештајот.

XS
SM
MD
LG