Линкови за пристапност

Бајден ги негираше тврдењата за лошо постапување со класифицирани документи


Овие тврдења не само што водат до заблуда, тие се едноставно погрешни, рече тој
Овие тврдења не само што водат до заблуда, тие се едноставно погрешни, рече тој

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли тврдењата дека неправилно постапувал со чувствителни владини документи, споредувајќи го неговиот случај со оној на поранешниот претседател Доналд Трамп, и правејќи контраст со правните маки на самиот Трамп, истиот ден кога Врховниот суд ги слушна аргументите во случај кој може да го отстрани Трамп од претседателската трка.

Бајден, пркосен и горко шеговит со новинарите, повикани во последен момент вчера вечерта, силно оспори дека „намерно“ задржал и споделил доверливи материјали, како што беше речено во извештајот, објавен претходно истиот ден.

„Овие тврдења не само што водат до заблуда, тие се едноставно погрешни“, рече тој.

Во извештајот на специјалниот обвинител Роберт Хур се заклучува дека не треба да се покренуваат никакви кривични пријави и дека многу од доверливите документи пронајдени во канцелариите и домот на Бајден биле чувани по грешка.

Во изјавата претходно истиот ден, Бајден рече дека е „задоволен“ што специјалниот советник „дошол до заклучок за кој цело време верував дека ќе го постигнат - дека нема да има обвиненија во овој случај и дека предметот сега е затворен“.

Ивештајот го опиша 81-годишниот претседател како „сочувствителен, добронамерен, постар човек со слаба меморија“.

„Јас сум добронамерен и јас сум постар човек и знам што по ѓаволите правам“, му одговори Бајден на новинарот кој праша за неговата меморија и ја наведе загриженоста на гласачите за неговата возраст.

„Јас бев претседател, ја вратив оваа земја на нозе. Не ми треба неговата препорака“.

Боб Бауер, личниот адвокат на Бајден, исто така, го отфрли извештајот во изјава, обвинувајќи го Хур дека имал 2необични, неосновани и ирелевантни критички коментари“.

„Какво и да е влијанието на тие притисоци врз конечниот извештај, тој ги прекршува регулативите и нормите на Одделот“, се вели во изјавата на Бауер.

Критичарите на Бајден реагираа.

„Прес-конференцијата на претседателот оваа вечер дополнително го потврди на телевизија во живо што е наведено во извештајот на специјалниот советник“, објави спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон на социјалната медиумска платформа Х, порано позната како Твитер.

„Тој не е способен да биде претседател“.

Бајден не е единствениот претседател кој се соочува со критики поради неговото ракување со документите.

Во 1973 година, новинар на „Вашингтон пост“ кој бил на ручек во 1970 година со тогашниот претседател Линдон Б. Џонсон, напишал дека „поранешниот претседател дојде подготвен со купишта хартии означени како строго тајно и топ сензитивно. Постојано и одново, тој читаше од различните меморандуми, писма и други документи за да ги поткрепи своите позиции“.

Трамп се соочува со 40 обвиненија за кривично дело поради неговото наводно неправилно постапување со доверливи документи откако ја напушти функцијата.

Трамп, во изјавата, рече дека случајот на Бајден е „100 пати поинаков и потежок од мојот“.

Тој додаде: „Не направив ништо лошо и соработував многу повеќе“.

Случајот на Трамп е првото федерално обвинение против американски претседател.

Тој се изјасни за невин.

XS
SM
MD
LG