Линкови за пристапност

Нема ништо важно, рече Бајден за откриените класифицирани документи


Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму. Нема ништо што е од значење, рече претседателот на САД
Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму. Нема ништо што е од значење, рече претседателот на САД

Претседателот на САД Џо Бајден рече дека нема ништо од важност, кога беше испрашуван за откривањето на доверливи документи и официјални записи во неговиот дом и поранешна канцеларија.

„Откривме дека неколку документи се поднесени на погрешно место“, рече Бајден пред новинарите кои го испрашуваа за време на обиколката на штетите од бурите во Калифорнија. „Веднаш ги предадовме во Архивот и Одделот за правда“

Бајден рече дека „целосно соработува и со нетрпение очекува брзо да се реши ова“.

„Мислам дека ќе откриете дека нема ништо таму“, рече тој. „Нема ништо од важност“.

Белата куќа откри дека адвокатите на Бајден пронашле доверливи документи и официјални записи во четири наврати во последните месеци - на 2 ноември во канцелариите на Центарот Пен Бајден во Вашингтон, а потоа во следните претреси на 20 декември во гаражата на домот на претседателот во Вилмингтон, Делавер, а на 11 и 12 јануари во домашната библиотека на претседателот.

Откритието ја усложнува федералната истрага за поранешниот претседател Доналд Трамп, за кој Одделот за правда вели дека зел стотици записи означени како доверливи по напуштањето на Белата куќа на почетокот на 2021 година, и се спротивставил на неколкумесечните барања да ги врати на владата.

Јавниот обвинител Мерик Гарланд минатата недела го назначи Роберт Хур, поранешен американски обвинител во Мериленд, да служи како специјален советник за да ја надгледува истрагата на Одделот за правда.

Гарланд рече дека вонредните околности налагаат специјален советник, а тој, исто така, ја донел одлуката делумно за да ја покаже „посветеноста на Одделот за правда за независност и одговорност за особено чувствителни прашања“.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG