Линкови за пристапност

Аса Хачинсон официјално ја почна републиканската кампања за претседател во 2024


Поранешниот гувернер на Арканзас кој служеше два мандата вети дека ќе биде лидер кој „ќе го истакне најдоброто од Америка“
Поранешниот гувернер на Арканзас кој служеше два мандата вети дека ќе биде лидер кој „ќе го истакне најдоброто од Америка“

Аса Хачинсон официјално ја започна својата републиканска кампања за претседател во неговиот роден град Бентонвил, Арканзас.

Поранешниот гувернер на Арканзас кој служеше два мандата вети дека ќе биде лидер кој „ќе го истакне најдоброто од Америка“. Преку својот говор тој се обиде да направи контраст од другите кандидати на Републиканската партија за главните прашања, вклучително и како најдобро да се реформираат федералните агенции за спроведување на законот.

Хачинсон беше ретка личност меѓу најавените или очекуваните кандидати за претседател на Републиканската партија што го критикува поранешниот претседател Доналд Трамп.

Тој го повика поранешниот претседател да се откаже од трката во 2024 година наместо да бара уште еден мандат во Белата куќа.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG