Во анализата на Високата школа за новинарство и за односи со јавност, за однесувањето на медиумите во првиот период на предизборната кампања, (25-ти февруари до 3-ти март), изготвена по набљудување на 21 медиум со дневно-информативни содржини, стои дека иако нема експлицитно повикување на насилство и ширење говор на омраза во македонските медиуми, тие „имплицитно секојдневно демонизираат одредени политичари и глорифицираат други, индиректно поттикнуваат нетрепеливост и конфронтираност меѓу етничките заедници, со тоа што ги стереотипизираат и разграничуваат едните од другите и етнички и политички, покажуваат пристрастност кон една страна“, па така, и медиумите имаат дел од вината за неодамнешните насилни инциденти во Скопје.
Според истражувачите, во дел од медиумите не постои професионалната дистанца, критика, став или коментар при пренесувањето на информациите „кои се презентираат онака како што се добиени“, а дел од медиумите „несвесно и неисфилтрирано ги пренесуваат и оние навредливи, дискриминаторски пораки кои упатуваат на насилство и кои можеби не ги застапуваат, но со тоа учествуваат во нивното ширење и индиректно поттикнуваат омраза и нетрпеливост“.
По повод последната анализа за состојбите во македонското новинарство, Гласот на Америка на македонски јазик побара коментар од водачите на двете цеховски организации на новинарите - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинарите (МАН), Насер Селмани и Слаѓана Димишковска, како и од новинарката во „Утрински весник“, поранешна уредничка со богата кариера, Гордана Дувњак.
За известувањето на македонските медиуми во предизборието и кампањата, во поглед на објективноста - селективноста - пропагандата, како и на третманот на насилството извршено од припадниците на сопствениот и на другиот етникум, претседателката на МАН, Слаѓана Димишковска вели: „При известувањето медиумите за овие избори одат на насока на подобрување, односно, на почитување на професионалните стандарди. Прво, се прави напредок или обид да се има баланс при известувањето, односно, да не се форсираат или критикуваат одредени кандидати или опции. Второ, кога станува збор за поделеноста на медиуми на македонски и на албански јазик, а има медиуми и на други јазици, се чувствува дека се работи на надминувањето на поделбата. Попрецизно, се прави обид да се информираат за меѓусебните активности, односно, за тоа што се случува кај Македонците или македонскиот блок да се информираат македонските Албанци, и обратно. Ова е важно, пред се`, затоа што Македонија е мултиетничко општество, а тоа значи дека треба да се става акцент на соживотот“.
Насер Селмани, челникот на ЗНМ, организација која, потпомогната од германската фондација „Конрад Аденауер“, пред кампањата издаде и „Новинарски прирачник за следење на избори“, има спротивно мислење.
„Известувањето за изборната кампања е непрофесионално. Има чести примери на пропагандно-партиско и тенденционзо известување. Имаше повикување на насилство и говор на омраза, поттикнување на дискриминација и дисквалификација... Клучното прашање за мене е - зошто е тоа така? Нема дилема дека таа состојба е последица на фактот што во Македонија не се почитува слободата на изразување и слободата на медиуми. Не можете да очекувате контролирани медиуми да применуваат професионални стандарди и етика! Ако не се ослободат медиумите од овие стеги, никогаш нема да имаме професионални медиуми. Овие контролирани медиуми не му служат на јавниот интерес, туку на политичките и на економските интереси на политичките партии и бизнисмените, кои се тесно поврзани.
Политичките елити во Македонија не може да владеат без контролирани медиуми. Вакви неодговорни политичари, со ваков стил на авторитарно владеење, не би можеле да се одржат на власт ни шест месеци, ако слободните медиуми би известувале за сите нивните неуспеси. Тие сакат да ги контролираат информациите, затоа што немаат чесни намери кога влегуваат во политиката, едно ветуваат на избори, друго работат кога доаѓаат на власт. Во земја каде се` е дозволено за да се одржиш или за да дојдеш на власт, нема место за слободни медиуми“, смета Селмани.
Новинарката Гордана Дувњак мисли дека „целата тензична атмосфера во која се оддржуваат претстојните локални избори, што ескалираше кон крајот на минатата година, со таканаречениот „црн понеделник“ - политичката криза што се создаде, напуштањето на парламентот од опозицијата и нејзиното излегување на улица, притисокот за предизвикување на предвремени избори, најавите за бојкот, пишманењето под диригентската палка на странците... предизвикаа изборите по многу нешта да бидат специфични. Настрана тоа што сме сведоци на една здодевна и безлична кампања во која силно доминираат со своето присуство и со искористениот рекламен простор - политичките актери од владејачката гарнитура, што остава впечаток дека само една партија (коалиција) е учесник во изборите.
Ако на тоа се придодаде дека и самото новинарство како еснаф е во повеќегодишна криза, не е воопшто за чудење што непрофесионалноста, отсуството на политичка дистанца, навивањето, сатанизирањето или глорифицирањето, говорот на омраза, селективноста, игнорирањето, етничката пристрасност... на широка врата влегоа во македонските медиуми“.
На прашањата - дали во актуелната „поплава“ од медиуми, во Македонија постои недостаток на новинарски идентитет и колку со - премолчаната од јавноста и од голем дел од еснафот - тивката елиминација на искусни новинари, пред се`, од електронските медиуми, се прави обид за имплементирање на нови, пониски стандарди во професијата, повторно спротивставени одговори од нашите соговорници.
Според Димшковска (МАН), „пониските стандарди во професијата, или дури би рекла, бегањето од професионалните стандарди, ги прават самите новинари. За тоа вината не е само во надворешниот фактор, мислам на влијанијата од политички и економски центри на моќ. Новинарите треба да се изборат за својот професионален идентитет! За да се изборат, пак, мора гласно да ги кажуваат недостатоците, проблемите, а новинарите најчесто, за да ја зачуваат работата или позицијата - молчат, иако се свесни за недостатоците. Значи, секој треба сам да се избори за својот идентитет, за препознатливоста и за професионалните стандарди кои се основа за работата“.
Селмани (ЗНМ), пак, ни рече дека се плаши оти „состојбата е уште полоша. Не само што го губиме новинарскиот идентитет, туку го губиме новинарството, какво што треба да биде во една слободна земја. Медиумите и новинарите се заложници на неспособни политички елити и корумпирани бизнисмени!“.
Според Дувњак, „македонската медиумска сцена се наоѓа заробена во своевиден парадокс. Никогаш повеќе медиуми на број - а помал квалитет, професионален интегритет и новинарска слобода. Бидејќи, во голема мерка „поплавата“ на нови медиуми (читај: портали) се должи и на континуираната криза на новинарството, на поделеноста, на затворањето на медиуми (ТВ А1, „Ден“, „Глобус“, „Граѓански весник“...), како и на укинувањето на некои независни проекти кои критички ја опсервираа власта. Тоа предизвика секој оној што ќе остане без работа, шансата да ја бара на социјалните мрежи и на Интернет.
Ова е време кога професионалноста и новинарскиот идентитет се победени и поразени од едно агресивно, силеџиско и полуписмено квази-новинарство (секоја чест на ретките исклучоци), кое само заради фактот што го узурпирало медиумскиот простор, со помош на своите политички газди, смета дека тоа му дава доволно право да галами и да се фали дека е гледано/читано... А, во услови кога говорот на омраза не само што не се казнува, туку и се стимулира, најмалку се мисли на професионализмот, бидејќи главното мото на перјаниците на пропагандизмот е макијавелистичката мисла дека „целта ги оправдува средствата“.
Неодамна, повторно со мал одѕив во медиумите, искусниот македонски новинар Зоран Иванов во знак на протест ги врати сите новинарски награди добиени во долгогодишната кариера, тврдејќи дека во Македонија „новинарството е поразено“, дека „новинарството ја загуби смислата“ и дека „вулгарната дневна политика го купи, го присвои, го окупира целиот македонски медиумски и новинарски простор, го промовираше во картелска пропагандна машинерија, ги обесправи и ги понижи новинарите и ги вјарми во алатки за бесрамни манипулации“.
На прашањето - како новинарите да и` ја вратат смислата на професијата, Димишковска (МАН) е децидна дека „смислата на професијата се враќа само со почитување на професионалните стандарди (што значи - балансирано известување, проверување на информации од најмалку два извора, истражување, анализа...) при работата и со решавање на проблемите. Значи, ако има проблем, треба да „влеземе“ во него и да го решаваме, а не да бегаме. Но, кај нас најчесто се прибегнува кон молчење, балансирање, а тоа не е ништо друго – освен, бегање од проблемите“.
Овојпат со сличен став е и Селмани (ЗНМ): „Апсолутно го разбирам чинот на нашиот колега, кој со тоа сака да го искаже разочарувањето од состојбата во медиумите. Но, јас мислам дека битката мора да продолжи и не треба да се предадеме, се додека постои и најмала надеж. Јас верувам дека за македонското новинарство ќе дојдат подобри денови затоа што иднината на Македонија е во Европската унија, не затоа што така сакат нашите политичари, туку затоа што тоа е определба на македонските граѓани и на ЕУ... Убеден сум дека во Македонија има добри новинари, кои, ако им се обезбедат нормални услови за работа, знаат да произведат квалитетни медиуми. Но, дали ќе има или не професионални медиуми, не зависи само од новинарите, туку пред се, од тие што имаат пари и од Владата, која треба да обезбеди поволни услови за развој на слободни медиуми“.
Дувњак вели: „Гестот на почитуваниот и драг колега беше емотивен, но и своевиден „крик на немоќ“. Можеме да се согласуваме или не со неговата манифестација на незадоволство, да мислиме дали и колку е потребна таква реакција, но факт е дека неговата постапка требаше да не замисли. Барем за миг да не отргне од летаргијата и малодушноста во која сме западнале како професија. Но,тоа не се случи. Дури предизвика и еден вид сеирџиство, па и непотребни коментари од типот - „а каде беше ти, кога се случуваше... дали тогаш се побуни, крена глас“. Лесно ја продадовме професијата, речиси за бадијала, за ефтини пари. Сега е многу потешко да се откупи назад „продадената душа“. Цената е нереално висока, кога знаат дека си во тесно, полесно те уценуваат.
Како да се ослободиме од јаремот? Прво, секој сам да го тргне јажето од сопствениот врат. Да се замисли: треба ли да се занимава со оваа професија или треба да ја напушти? Постои ли некоја професионална „црвена линија“ која не смее да се помине? Може ли таа да се исцрта и да се најде заеднички именител. Потоа, се ќе биде полесно...“
Ако има проблем, треба да „влеземе“ во него и да го решаваме, а не да бегаме. Но, кај нас најчесто се прибегнува кон молчење, балансирање, а тоа не е ништо друго – освен, бегање од проблемите.Слаѓана Димишковска, Македонска асоцијација на новинари
По повод последната анализа за состојбите во македонското новинарство, Гласот на Америка на македонски јазик побара коментар од водачите на двете цеховски организации на новинарите - Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинарите (МАН), Насер Селмани и Слаѓана Димишковска, како и од новинарката во „Утрински весник“, поранешна уредничка со богата кариера, Гордана Дувњак.
Во земја каде се` е дозволено за да се одржиш или за да дојдеш на власт, нема место за слободни медиуми.Насер Селмани, Здружение на новинарите на Македонија
Лесно ја продадовме професијата, речиси за бадијала, за ефтини пари. Сега е многу потешко да се откупи назад „продадената душа“!Гордана Дувњак, новинарка