Линкови за пристапност

Аналитичари оптимисти дека уставни измени ќе има - ВМРО-ДПМНЕ не попушта


Аналитичарот Алберт Муслиу очекува ВМРО-ДПМНЕ да се предомисли и да гласа за уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот.
Аналитичарот Алберт Муслиу очекува ВМРО-ДПМНЕ да се предомисли и да гласа за уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот.

Евроамбсадорот во земјава, Дејвид Гир, пак, вели дека ако не дојде до промена на Уставот, тоа ќе значи дека процесот на ЕУ интеграција на Северна Македонија ќе застане.

Аналитичарот Алберт Муслиу очекува ВМРО-ДПМНЕ да се предомисли и да гласа за уставните измени и вклучувањето на Бугарите во Уставот. Ова доаѓа откако петте министри на ДУИ ги депонираа своите оставки до премиерот Ковачевски, кои се условени со подршка од страна на партијата на Мицкоски за измени на Уставот. Едно од нивните барања беше широка Влада без партијата на Ахмети и одржување предвремени парламентарни избори.

Јас сум оптимист дека уставните измени ќе се случат, но кај нас сè е можно.
Алберт Муслиу, аналитичар.

„Јас очекувам да има уставни измени, зашто има и взаемно прифатливо решение. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на предвремени избори. Од другата страна има подготвеност да се одржат тие предвремени избори, но под услов да се напрват уставните измени. Така што, тоа би било соломонското решение. Дали тоа ќе се случи со консензус, дали со тесно двотретинско мнозинство тоа треба да видиме. Јас сум оптимист дека уставните измени ќе се случат, но кај нас сè е можно. Може да се оди и во друга крајност“, изјави аналитичарот Алберт Муслиу за Гласот на Америка на македонски.

Во однос на потегот на ДУИ, Муслиу вели дека партијата политички добро одиграла со што една од пречките за ВМРО-ДПМНЕ сега се отстранети.

„Тоа е условот кој зависеше од нив и кој за мене нерационално се постави, бидејќи ДУИ не се во Влада зашто така одлучиле или така сакаа, туку зашто ги добиле мандатите за тоа. Тие тоа не го прават од некои трети причини, зашто им здосадило или зашто не сакаат да бидат таму, туку покажуваат некоја подготвеност, па дури и со колективна штета да направат отстапка за да се усвојат уставните промени. Ние сме дојдени до таа фаза дека ние сами сега во моментот одлучуваме дали ќе ги отвориме поглавјата или не“, вели Муслиу.

Уставни измени со вакви „фолирања“ нема да има велат од ВМРО-ДПМНЕ. Бараат неотповикливи оставки не само на министрите од ДУИ, туку и на оние од СДСМ, истите да стапат на сила веднаш и да се оди на брзи избори.

Евроамбсадорот во земјава, Дејвид Гир во интервју за „Охридњуз“, пак, вели дека ако не дојде до промена на Уставот, тоа ќе значи дека процесот на ЕУ интеграција на Северна Македонија ќе застане.

Ја сакаме оваа држава во Европската Унија.
Дејвид Гир, евроамбасадор во Северна Македонија.

„Доколку промените на Уставот не се направат, тогаш во пракса тоа значи дека процесот ќе застане додека не се случат промените. Другите држави кои преговараат веројатно ќе одат напред во меѓувреме, како Албанија и тоа не е било какво преупредување, туку едноставно изнесување на факт. Дали Европската Унија ќе ја снема тука? – Дефинитивно не, ја сакаме оваа држава во Европската Унија. Веруваме дека сите може да имаме придобивки од вашето членство, ќе продолжиме да се ангажираме и да нудиме поддршка, но потешкотијата е што нема да имате преговарачка рамка за да ги забрзате реформите, кои се неопходни за граѓаните да дојдете поблиску до ЕУ“, рече евроамбасадорот во Северна Македонија, Дејвид Гир.

Гир потсетува дека ова било дел од договорот заснован на компромис што беше постигнат минатиот јули, а кој резултирал со отварање на пристапни преговори со Унијата. Вели дека Северна Македонија не е првата држава која имала потешкотии на почетокoт на процосот, особено со билатерални прашања.

Муслиу: Очекувам уставни измени
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:26 0:00

XS
SM
MD
LG