Американски избори за претседател 2024
05 ноември, 2024 година

1
Пристигна долгоочекуваниот вторник, 5 ноември. Милиони луѓе се подготвуваат да гласаат за следниот претседател на САД меѓу кандидатите Камала Харис и Доналд Трамп.

2
Во повеќето сојузни држави гласачките места беа отворени помеѓу 6 и 7 часот наутро. Гласачките места ќе се затворат во периодот од 18 до 21 часот.

3
Според анкетите, кандидатите Трамп и Харис се изедначени.

4
Анкетите на јавното мислење во последните денови од кампањата покажаа дека кандидатите се изедначени во секоја од седумте држави кои веројатно ќе го одредат победникот: Аризона, Џорџија, Мичиген, Невада, Северна Каролина, Пенсилванија и Висконсин.