Линкови за пристапност

Американската војска не ги напушта сојузниците, рече шефот на Пентагон Пит Хегсет


Коментарите дојдоа пред клучните состаноци денес и утре во Брисел, на министрите за одбрана на НАТО и на контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат речиси 50 земји кои ветија дека ќе ја поддржат Украина во нејзините напори да ја одбие Русија
Коментарите дојдоа пред клучните состаноци денес и утре во Брисел, на министрите за одбрана на НАТО и на контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат речиси 50 земји кои ветија дека ќе ја поддржат Украина во нејзините напори да ја одбие Русија

Светските лидери прават грешка ако заклучат дека обидот на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита глобалната воена позиција на Америка значи дека Вашингтон се повлекува, според секретарот за одбрана Пит Хегсет.

Хегсет вчера разговараше со новинарите во Штутгарт, Германија, дом на европската команда на САД и командата на САД во Африка, првата станица на неговото прво меѓународно патување откако положи заклетва минатиот месец.

„Не, Америка е паметна да набљудува, планира, дава приоритет и проектира моќ онаму каде што треба да го спречиме конфликтот“, додаде тој.

Коментарите дојдоа пред клучните состаноци денес и утре во Брисел, на министрите за одбрана на НАТО и на контакт групата за одбрана на Украина, која ја сочинуваат речиси 50 земји кои ветија дека ќе ја поддржат Украина во нејзините напори да ја одбие Русија.

Американските одбранбени претставници рекоа дека се очекува Хегсет да ги притисне сојузниците во НАТО да преземат поголема водечка улога во соочувањето со предизвиците во Европа и, исто така, да ги зголемат трошоците за одбрана - нешто што шефот на одбраната на САД го нагласи во Германија.

„Европскиот континент заслужува да биде ослободен од каква било агресија. Но, оние од соседството треба да инвестираат најмногу во таа индивидуална и колективна одбрана“, рече Хегсет.

„Тоа е здрав разум“.

„Вие го браните вашето соседство, а Американците ќе дојдат заедно со вас за да помогнат во таа одбрана“, рече тој.

Но, дали тоа значи дека САД ќе одржат силно воено присуство низ Европа, не е јасно.

Хегсет рече дека притисокот на Трамп за „брз мировен договор во Украина“ може да им овозможи на САД да ги префрлат ресурсите за да се спротивстават на зголемената закана од Кина во Индо-Пацификот.

XS
SM
MD
LG