16:02
6.11.2012
Милиони гласачи во земјата веќе гласаа според правилата за рано гласање, но големото мнозинство на електоратот ќе излезе на гласачки места во вторник, во училишта, пожарникарски станици, цркви и на други места.
Претседателот Барак Обама и републиканецот Мит Ромни во понеделникот крстосуваа низ неколку клучни сојузни држави, во последен обид да ги убедат преостанатите неопределени гласачи.
Обама имаше застанувања во Висконсин и Охајо, пред да го има последниот собир во Ајова, државата која му ја даде првата победа во прелиминарните избори во историската изборна година 2008-ма, кога се кандидираше за Белата куќа. Претседателот ги истакна своите достигнувања за време на првиот мандат вклучувајќи ја помошта за спас на американската автомобилска индустрија и убиството на Осама бин Ладен, но кажа дека му треба уште еден мандат да ја комплетира агендата.
Ромни доцна синоќа имаше собир во Њу Хемпшир, каде ја започна кампањата пред повеќе од една година, по појавувања во Флорида, Вирџинија и Охајо. Поранешниот гувернер на Масачусетс рече дека неговото искуство како успешен бизнисмен и политичар покажува дека тој, а не Обама, ќе донесе вистинска промена за нацијата.

16:03
6.11.2012
Потпретседателот Џо Бајден гласаше во Делавер и изјави дека „се чувствува одлично“.
16:06
6.11.2012
Следете ги резултатите од Изборите 2012-та http://t.co/zOet6I8z #elections2012
— Глас на Америка (@VOAMacedonian) 6.11.2012
16:13
6.11.2012
Претседателот го избираат електори, а не гласот на народот http://t.co/pbb9i9rY #elections2012 http://t.co/XLaWb4zA