Линкови за пристапност

Во живо: Претседателот Обама доби втор мандат

Со убедливо мнозинство на електорални гласови Барак Обама го порази предизвикувачот од Републиканската партија, Мит Ромни, во избори неизвесни до последен момент.


15:21 6.11.2012
Изборните резултати од Диксвил Ноч,Њу Хемпшир,(прво отворено гласачко место во САД) од 6-ти ноември, на 43 секунди по отварањето.
Изборните резултати од Диксвил Ноч,Њу Хемпшир,(прво отворено гласачко место во САД) од 6-ти ноември, на 43 секунди по отварањето.
01:57 7.11.2012
Гласањето на американските претседателски избори заврши во неколку држави во тесната трка меѓу претседателот Барак Обама и републиканскиот предизвикувач Мит Ромни.

Првите проектирани резултати го имаат Обама, демократ, добитник на три електорални гласови и Мит Ромни со 33 електорални гласови во Изборниот колеџ.

Проекциите велат дека Обама победил во државата Вермонт, додека Ромни победил во Индијана, Кентаки, Јужна Каролина и Западна Вирџинија. Клучните држави Вирџинија и Охајо се премногу блиски со гласови да се проектира победникот во овој момент.

Кандидатите направија конечен напор во вторник додека гласачите чекаа во долги редици пред гласачките места. Некои спорадични проблеми се појавиле, заради што двајцата кандидати испратиле адвокати да вршат мониторинг на гласањето за какви било неправилности. Одделот за правда испрати близу 800 набљудувачи во 23 држави да постапат по секакви наводи за неправилности.

После година ипол на кампања, три дебати и илјадници телевизиски реклами, националните истражувања на јавно мислење покажуваат дека двата кандидати се во виртуелна мртва трка.

Но анкетите исто така покажуваат дека Обама има мала предност во неколку клучни сојузни држави кои најверојатно ќе го одредат исходот.
02:07 7.11.2012
Базирано на проекции:
Ромни ја доби Алабама – 9 електорални гласови
Тотален број на електорални гласови:
Ромни - 76
Обама - 64
Држави добиени до сега:
Ромни: Кентаки, Западна Вирџинија, Индијана, Јужна Кролина, Оклахома, Џорџија, Тенеси, Алабама
Обама: Вермонт, Илиноис, Конетикат, Мејн
– 3 електорални гласови проектирани (еден премногу близок да се определи) Дистриктот Колумбија, Делавер, Род Ајленд, Мериленд, Масачусетс
02:20 7.11.2012
Базирано на проекции:
Ромни победи во Арканзас – 6 електорални гласови
Тотален број електорални гласови до сега:
Ромни - 82
Обама - 64

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG