Линкови за пристапност

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина ќе дојде до ескалација на конфликтот, рече шефот на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одржува прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Белгија, 16 октомври 2024 година
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте одржува прес-конференција пред состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, Белгија, 16 октомври 2024 година

Ако Северна Кореја испрати војници во Украина за да се борат во име на Русија, тоа значително ќе доведе до ескалација конфликтот, изјави во денес шефот на НАТО Марк Руте на платформата на социјалните мрежи Икс.

Руте, кој ја презеде функцијата во НАТО на почетокот на месецот, рече дека разговарал со јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол за блиското партнерство на Алијансата со Сеул, фокусирајќи се на одбранбената индустриска соработка и меѓусебно поврзаната безбедност на евроатлантскиот и Индо-пацифичкиот регион.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела изјави дека Северна Кореја се подготвува да испрати 10.000 војници за да им помогне на воените напори на Москва и дека некои севернокорејски офицери веќе се распоредени на окупирана од Русија украинска територија.

Западот долго време ја обвинува Северна Кореја дека ѝ доставува оружје на Русија.

Руте и Пентагон изјавија минатата недела дека сè уште не нашле докази за присуство на севернокорејско воено присуство на теренот во Украина.

XS
SM
MD
LG