Линкови за пристапност

САД со нови санкции кон Кина и Русија за изградба и испорака на руски беспилотни летала


Знамиња на САД и Кина
Знамиња на САД и Кина

САД денеска објавија нови санкции насочени кон кинески и руски ентитети поради нивната улога во дизајнирањето, изградбата и испораката на нападни беспилотни летала што резултираа со масовни жртви во Украина.

Санкциите се насочени кон два кинески ентитети еден руски. Меѓу другото и кон генералниот директор на руската ТСК Вектор, Артем Михајлович Јамшчиков.

Висок официјален претставник на американската администрација за новинарите во четвртокот изјави дека ентитетите се вклучени во развојот на дронови за напад со долг дострел од руската серија Гарпија, кои се произведуваат во Кина и се испраќаат директно во Русија.

Слика од Украина - Архива
Слика од Украина - Архива

„Гарпија, е дизајнирана и произведена во Кина во соработка со руски одбранбени фирми, а беше искористена за уништување на критичната инфраструктура и резултираше со масовни жртви во Украина“, се вели во соопштението на Стејт департментот на САД.

„Денешната акција е дел од нашите континуирани напори да ги попречиме обидите на субјекти и поединци со седиште во Кина и во Русија да го поддржат руското стекнување на напредна технологија и компоненти за оружје. Ќе продолжиме да наметнуваме санкции за оние кои даваат поддршка на руската воено-индустриска база“.

Американски Конгрес
Американски Конгрес

Високиот претставник рече дека САД во минатото го предупредиле Пекинг за мрежата, што е во спротивност со кинеските изјави дека не знаат за такви мрежи.

Две кинески фирми се директно „вклучени во производство и испорака на работи кои непогрешливо се дел од руската војна против Украина и непогрешливо одат на актер кој Западот веќе го идентификуваше и санкционираше дека е дел од руската воена индустриска база“, рече официјалниот претставник.

Од 2022 година, САД санкционираа близу 100 субјекти со седиште во Кина и Хонг Конг. Поголемиот дел од нив се дел од синџирот на снабдување на предмети со двојна употреба - компоненти или стоки што Русија може да ги претвори во воени предмети кои потоа се распоредени против Украина.

Сепак, денешните санкции беа првите што ги погодија кинеските субјекти кои „директно развиваат и произведуваат целосни системи за оружје во партнерство со руски фирми“.

Лондон, Англија
Лондон, Англија

Исто така во четвртокот, Обединетото Кралство го објави својот најголем пакет санкции против руската „флота на танкери во сенка“ - бродови кои наводно свесно работат спротивно на западните санкции.

Лондон соопшти дека на уште 18 бродови од флотата во сенка ќе им биде забранет пристапот до пристаништата во Велика Британија, со што вкупниот број санкционирани нафтени танкери ќе се искачи на 43.

XS
SM
MD
LG