Многу американски гласачи се надеваат дека вториот мандат на претседателот Трамп, ќе донесе период на економски просперитет - слично како за време на неговиот прв мандат. Сепак, економијата што ја наследува овој пат значително се разликува од онаа што ја наследи пред осум години.
Американските гласачи го избраа Доналд Трамп за претседател првенствено за да ја поправи економијата.
Но, економијата што ја наследува Трамп денес е сосема поинаква од онаа што ја наследи од претседателот Барак Обама пред осум години.
Исто така, имаше бум во хидрауличното производство на нафта и природен гас од шкрилци. Сметките за гас на потрошувачите се намалија.
Некои имаа корист и од даночните намалувања на Трамп во 2017 година.
Но, потоа дојде глобалната пандемија во 2020 година, која тешко ја погоди американската економија и предизвика највисока инфлација од 1981 година.
Претседателот Џо Бајден, пред крајот на неговиот мандат, го бранеше справувањето со закрепнувањето.
Но, потрошувачите се уште се незадоволни. И аналитичарите велат дека пандемијата можеби нанела долгорочна штета.
Тие вклучуваат повисока инфлација и експлозија на националниот долг, што би можело да му отежне на Трамп да ги повтори даночните намалувања или со тоа што ќе донесе легислатива која ќе го зголеми дефицитот.
Многу економисти стравуваат дека неговите предложени зголемувања на царините за Кина, меѓу другото, би можеле да го направат токму тоа: да ја зголемат инфлацијата.
Покрај тоа, критичарите велат дека неговиот план за масовна депортација на недокументираните имигранти може да го попречи растот.
Facebook Forum