Четири години по поразот од Џо Бајден, Доналд Трамп го освои вториот мандат како врховен командант.
Но, Трамп не е единствениот светски лидер кој најде пат назад до власта.
Од американскиот претседател Гровер Кливленд до бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, неколкумина успеаја да го направат ова, но со различни резултати.
Кливленд, демократ, е единствениот американски претседател освен Трамп кој беше избран во два непоследователни мандати.
Кливленд извојува тесна победа во 1884 година, и покрај секс скандалот. Тој призна дека можеби станал татко на вонбрачно дете.
Но, во неговата кандидатура за реизбор, тој водеше кампања за намалување на тарифите - и загуби.
Така, Кливленд од 22-риот претседател на Америка стана и 24-ти.
Друг лидер од историјата со ваков пример е британскиот премиер Винстон Черчил.
Тој ја водеше неговата држава низ Втората светска војна која заврши со пораз на нацистичка Германија - што му донесе високи оценки од јавноста.
Но, само два месеци подоцна, Конзервативната партија на Черчил претрпе голем пораз.
По години војна, Британците сакаа брз просперитет. Гласаа за големите социјални реформи на опозициската партија.
Но, Черчил се врати на Даунинг стрит 10, во 1951 година.
Но, здравствени проблеми го натераа да се повлече во 1955 година.
А потоа и италијанскиот Силвио Берлускони - милијардер и медиумски магнат кој постојано се враќаше како премиер, и покрај мноштвото скандали.
Во 2013 година, тој беше осуден за даночна измама и доби шест години забрана за јавна функција.
Но, Берлускони го направи последното враќање во 2022 година. Тој освои место во Сенатот помалку од една година пред неговата смрт.
Последната приказна за вакво враќање е за претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва.
Лула се кандидираше за претседател три пати и губеше, пред конечно да излезе како победник во 2002 година.
Лула продолжи со два исклучително успешни мандати. Според бразилскиот закон, тој не можеше да се кандидира трет пат едно по друго, иако можеше да се обиде повторно подоцна.
Но, во 2018 година, му беше забрането да се кандидира откако беше прогласен за виновен за корупција. Тој помина 580 дена во затвор пред да биде поништена неговата пресуда, отворајќи го патот за неговата победа над екстремно десничарскиот актуелен претседател Жаир Болсонаро во 2022 година.
Иако е неверојатна приказната на Лула - тој како и Трамп - повторно го презема кормилото во свет кој драматично се промени во нивно отсуство. И тоа може да биде предизвик.
Тоа секако беше случај со Кливленд, чиј втор мандат беше обележен со најголемата економска депресија во историјата на САД.
До крајот на неговото претседателствување, неговата партија целосно го напушти.
На 20 јануари 2025 година ќе започне приказната за вториот мандат на Трамп.
Facebook Forum