Линкови за пристапност

Крајбрежната стража во услови на бура спаси морнари близу брегот на Флорида


Крајбрежната стража во услови на бура спаси морнари близу брегот на Флорида
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:33 0:00

Воздухопловните екипи на крајбрежната стража спасија двајца морнари во неделата (4 август) откако нивниот брод долг 34 метри го загуби едрото на 117 километри од Бока Гранде, југозападна Флорида, во услови на силни бури и ветришта поради ураганот Деби.

Воздухопловните екипи на американската крајбрежна стража спасија двајца морнари во неделата (4 август) откако нивниот брод долг 34 метри го загуби едрото на 117 километри од Бока Гранде, југозападна Флорида, во услови на силни бури и ветришта поради ураганот Деби.

Снимката од крајбрежната стража на САД покажа дека авион на „Air Station Miami HC-144 Ocean Sentry“ ги лоцира морнарите и хеликоптер на „Air Station Clearwater MH-60 Jayhawk“ кој ги превезува на безбедно.

Пријател на морнарите ги пријавил како исчезнати во саботата (3 август), откако не успеале да се пријават додека пловеле од Ки Вест до Тарпон Спрингс. И покрај предизвикувачките временски услови, во спсаувањето беа вклучени екипажите на крајбрежната стража и воздухопловните сили.

Ураганот Деби се очекува да пристигне во регионот Биг Бенд на заливскиот брег на Флорида до пладне денеска (5 август) по локално време, предизвикувајќи потенцијално опасни бури и катастрофални поплави, соопшти Националниот центар за урагани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG