Линкови за пристапност

Разноликост и историја: Ве носиме низ кинескиот кварт во Сингапур


Разноликост и историја: Ве носиме низ кинескиот кварт во Сингапур
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:59 0:00

Град државата Сингапур во Азија има мнозинско етничко кинеско население. Прашањето е зошто би имала посбен кинески кварт или Чајнатаун? Адам Хенкок известува од таму. .

Бројни мурали може да се најдат низ Сингапур. Направени од Јип Ју Чонг, некои од неговите најпознати дела, може да се најдат и во Чајнатун. Јип пораснал во Чајнатаун. Неговото семејство делело мала куќа со уште пет семејства истовремено, но тоа што се случило надвор од неа оставило белег на неговото детство.

„Целата улица се викаше улица на мртвите. Затоа што на улицата имаше погребални куќи, ковчези“, раскажува Ју Чонг.

Како и многу од историјата на Сингапур, приказната за Чајнатаун почнува со Британецот Стемфорд Рафлс. Во 1822 година, тој одредил населба за многуте нови кинески доселеници.

„Британците се етаблираа во Сингапур, воведоа закон и ред. Беше многу тешко во Кина и беше природно во тој период кога имаше голем неред и нестабилност во Кина да се излезе од таму“, раскажува Јеиа Ајадураи, историчарка.

Овој мал остров, некогаш британска колонија, сега е своја нација и стана второто по големина пристаниште во светот.

И покрај името, Чајнатаун не е заедница само за Кинези, туку одразува мешавина на култури на Сингапур. Чајнаун е дом на најстариот храм на индиската религија во земјата, а една од првите џамии во Сингапур е веднаш до него.

Чајнатаун, исто така, е познат по своите елегантни станбени комплекси, но како што кинеското население продолжува да расте, тие станале пренаселени. Тоа, пак, довело до преселување на многу жители низ Сингапур.

Но, за земја каде што етничките Кинези сочинуваат три четвртини од населението, овој дел од градот е сè уште централно место за собирање.

„Идејата за заедница останува доволно моќна за луѓето да се собираат овде за време на специјални кинески случувања“, додава Ајадураи.

Денес, Чајнатаун е центар за многубројните посетители на Сингапур, исполнет со звук, боја, храна и продавници. Тој е дом и на многу семејни бизниси, како на Тонг Хенг, кој служи колачи од 1930-тите.

Неговите познати делактеси во облик на дијаманти се најпопуларни и се еден од најстарите брендови во Чајнатаун.

Денес, Ана Фонг е главна на слаткарницата основана од нејзиниот прадедо.

„Постои многу силна врска, старите бизниси си помагаат едни на други. Заедницата има многу силен дух“, вели Фонг.

Иако тој дух опстанал, многу други работи се промениле. Во 1983 година, Јип и неговото семејство се преселиле од нивната мала куќа во нов јавен стан од Одборот за развој на домување на државата.

„Моето семејство имаше многу среќа што се пресели на 25-тиот кат од станот на Одборот за развој на домување. Тоа беше голем луксуз“, раскажува уметникот Ју Чонг.

Огромните облакодери сега доминираат во Сингапур, но карактеристичните градби во Чајнатаун се зачувани. Оваа историска област сè уште е во срцето на многу модерна метропола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG