Линкови за пристапност

Роџерс: Итна потреба да покажеме солидарност со Израел кога се соочува со еден од најужасните периоди во историјата


Benjamin Rogers, Director for Middle East and North Africa Initiatives with the American Jewish Committee
Benjamin Rogers, Director for Middle East and North Africa Initiatives with the American Jewish Committee

Бенџамин Роџерс, директор за иницијативи за Блискиот Исток и Северна Африка со Американскиот еврејски комитет во Вашингтон за Гласот на Америка се осврнува за помошта што ја испраќаат до невладините организации во пограничните региони на Израел, растечкиот антисемитизам во САД, но и во светот, и опасноста од прелевање на конфликтот меѓу Израел и Хамас на Блискиот исток.

Глас на Америка: Каква е вашата реакција на најновиот развој во Израел?

Роџерс: Без зборови сум. Неверојатно срцепарателни сцени. Незамислива ситуација. Суровоста, злото, нападите врз цивилите. Сето ова беше незамисливо до пред неколку дена додека не се појавија сликите на цели семејства убиени, додека не се прочитаа извештаите за откривање на гроб од 40 бебиња, некои од нив обезглавени. Тешко е. Ова е најголемата трагедија за еврејскиот народ по Холокаустот. Ова е едно од најтешките времиња за народот на Израел.

Глас на Америка: Американскиот еврејски комитет (AJC) започна кампања во Израел за поддршка на израелските организации за помош. Како ја дистрибуирате до израелските невладини организации во пограничните региони? Кои се предизвиците?

Роџерс: Почнавме да собираме средства изминатата недела, како што рековте, за да се обидеме да бидеме од помош каде што можеме. Ние сме глобална организација. Имаме канцеларии низ целиот свет, вклучително и една во Ерусалим и нашиот тим таму ни помогна да одредиме кои организации имаат голема потреба. Сите заедници околу Газа спроведуваат кампањи за помош, за цели заедници, кои се десеткувани. Ова е време за единство или потреба за единство. Работиме со сите различни заедници на потребата да се обидеме да ја дистрибуираме помошта што е можно побрзо, ѝ што е можно поефективно.

Глас на Америка: Која треба да биде улогата на САД во смирување на тензиите во регионот?

Роџерс: Поддршката од претседателот на Соединетите Држави е огромна. Неговите изјави, неговите повторени изјави за потребата да се застане покрај Израел, за да се одбрани Израел, беа критични во ова време. Фактот дека тој испрати американски носач на авиони во источниот Медитеран за да спречи какво било дополнително ширење, вклучително и од Хезболах, вклучително и од Иран, мислам дека е важно. Ние сме во потресна ситуација во моментов. Ако сте израелски цивил, вашата Влада ви должи да гарантира дека вакво нешто никогаш нема да се повтори. Мислам дека Израел беше јасен дека ќе се залага за да ги заштити своите граѓани. Ситуацијата е потресна. Треба да има начин да се оди напред. Сè уште не сме таму, но во одреден момент, ќе мораме да најдеме начин да продолжиме. Мислам дека во моментов има итна потреба да ја покажеме нашата солидарност и единство и да го поддржиме Израел бидејќи се соочува со еден од најужасните периоди во нивната историја.

Глас на Америка: Дали стравувате од понатамошна ескалација со пошироки импликации на Блискиот Исток?

Роџерс: Апсолутно. Мислам дека една од најнепосредните грижи е тоа да се прошири во Либан, ако Хезболах и Иран се вмешаат. Загрижен сум дали ќе се прошири на Западниот Брег. Мислам дека е важно да се ограничи конфликтот. Хамас има злобна идеологија што ја подржува и Хезболах, што ја споделува и Иран. Овој поим за омраза, за зло, е толку спротивен на она што се случуваше пред овој напад во регионот. Тоа е спротивно на она за што беа договорите за мир ѝ е спротивно на нормализацијата меѓу Израел и Саудиска Арабија. Мора да работиме заедно за да ги решиме нашите проблеми. Се надевам дека таа визија може да го надмине она што Хамас и Иран се обидуваат да го проектираат во моментов.

Глас на Америка: Додека конфликтот меѓу Израел и Хамас беснее уште еден ден, многу Евреи ширум светот се соочуваат со позната закана: наплив на антисемитизам. Од Њујорк до Лондон, Сент Луис до Сиднеј, еврејските заедници се мета на омраза и фанатизам. Каков треба да биде одговорот кон антисемитизмот, ширум светот, особено денес?

Ќе ви кажам јасно и едноставно - Понекогаш се чувствуваме сами. Знаеме, дека имаме одлични пријатели, но имам 15-месечен син. Тој ќе порасне во свет каде антисемитизмот е дел од неговиот секојдневен живот. Тоа беше нешто со кое, како Американец, кога растев, јас не го чувствував.
Роџерс за антисемитизмот

Роџерс: Мислам дека одговорот треба да биде недвосмислено да се осуди реакцијата на некои луѓе кога слушнале за злосторствата, за масакрот извршен од Хамас, и кога велат дека сето ова е вина на Израел. Тоа е антисемитизам, јасен и гласен. Ние сме благодарни за глобалните заедници кои излегоа и рекоа дека стојат со Израел; со еврејското население. Ова го кажувам денес, кога Хамас повика на Глобален ден на омраза против еврејскиот народ, против Израел. Зборувам со вас од Вашингтон, кога добиваме закани. Нашите канцеларии денеска беа затворени поради загриженост за безбедноста. Живеам во предградие северно од Вашингтон. Нашите деца беа испратени дома од училиштата. Има апели да бидеме внимателни на социјалните мрежи за пораките од децата да не бидат мета на социјалните мрежи. Антисемитизмот е реален и ние се чувствуваме изолирани. Ќе ви кажам јасно и едноставно - Понекогаш се чувствуваме сами. Знаеме, дека имаме одлични пријатели, но имам 15-месечен син. Тој ќе порасне во свет каде антисемитизмот е дел од неговиот секојдневен живот. Тоа беше нешто со кое, како Американец, кога растев, јас не го чувствував.

Поврзано

XS
SM
MD
LG