Линкови за пристапност

40 македонски државјани се вратени од Израел, уште 100 чекаат на безбеден транспорт до дома 


Од кризниот повторно апелираат до македонските граѓани кои се во Израел да ги следат инструкциите на тамошни институции надлежните за менаџирање на безбедносната ситуација. 
Од кризниот повторно апелираат до македонските граѓани кои се во Израел да ги следат инструкциите на тамошни институции надлежните за менаџирање на безбедносната ситуација. 

Досега, вкупно околу 40 македонски државјани успеале да го напуштат Израел кој од саботата е зафатен од интензивни борби меѓу безбедносните сили и Хамас. МНР информира дека во текот на ноќта и утрото уште 9 македонски граѓани, преку различни рути, излегле од Израел - четворица со лет до Атина, тројца со лет за Јордан и двајца со лет за Белград. Дополнително, дваесет пријавени граѓани од пограничните региони меѓу Израел и Газа, кои се сметаат за безбедносно – ризични, утрово се префрлени на безбедна локација во Тел Авив, каде ќе чекаат на безбеден транспорт до дома.

40 Македонци се врати од Израел, уште 100 чекаат да бидат евакуирани
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:34 0:00

„За жал, неколку од летовите за кои веќе беше обезбедено место дел од нашите државјани да го напуштат Израел во текот на вчерашниот ден беа откажани, па активностите за нивно приклучување во некои од денешните летови продолжува денеска. Амбасадата на Северна Македонија во Тел Авив е во постојана комуникација со сите нашите државјани во Израел и во координација со кризниот штаб во Министерството за надворешни. Точната бројка на наши државјани кои се пријавиле за асистенција за нивно заминување од Израел постојано се менува, но во моментов, таа не надминува 100 наши државјани“, информираат од МНР.

Од кризниот повторно апелираат до македонските граѓани кои се во Израел да ги следат инструкциите на тамошни институции надлежните за менаџирање на безбедносната ситуација.

XS
SM
MD
LG