Линкови за пристапност

НАТО има недостиг од муниција поради залихите коишто се испраќаат во Украина


Ни треба индустријата да го зголеми производството со многу повисоко темпо и ни требаат големи количини, изјави Адмиралот Роб Бауер
Ни треба индустријата да го зголеми производството со многу повисоко темпо и ни требаат големи количини, изјави Адмиралот Роб Бауер

Виш воен функционер на НАТО предупреди дека залихите на европската муниција се скратуваат, бидејќи Западот продолжува да испраќа големи количини воена помош за Украина за да ги одбрани инвазивните руски сили.

Адмиралот Роб Бауер, кој претседава со Воениот комитет на НАТО, рече дека Европа треба да го зголеми производството додека војната влегува во својот 20-ти месец.

„Ако навистина видите дека во седумте години пред војната, буџетите веќе се зголемија, но индустријата не го зголеми производствениот капацитет. И тоа доведе до повисоки цени веќе пред војната. Ни треба индустријата да го зголеми производството со многу повисоко темпо и ни требаат големи количини“ изјави, Адмиралот Роб Бауер

Украинските сили истрелуваат неколку илјади артилериски гранати секој ден врз руските сили, а голем дел од муницијата е обезбедена од западните сојузници на Киев.

XS
SM
MD
LG